Свет

МОСКВА СЕКОГАШ СОЈУЗНИК : Лукашенко жали што Русија го смени братскиот однос

Aleksandar Đokić - Zašto je Lukašenko pohapsio ruske najamnike?

Без оглед на тоа што Москва ги смени „братските односи“ со Минск и ги сведе на „партнерски“, Русија секогаш ќе биде близок сојузник на Белорусија, без оглед кој е на власт во нашата земја и во Русија.

„Нашите сојузнички односи се непопустлив фактор“, рече Александар Лукашенко вчера, обраќајќи и се на нацијата од Палатата на Република во Минск во пресрет на претседателските избори на 9 август.

Лукашенко истакна дека неговата земја е „единствената мирна алка во Евроазија во постсоветскиот простор, затоа што Белорусија живее со својот ум“.
„Русија се плаши да не не изгуби, а и Западот покажува голем интерес, но нашиот одговор е добро познат: ние сме за соработка и Русија секогаш ќе биде наш близок сојузник“, рече Лукашенко.
Тој го спомена и неодамнешното апсење на 32 припадници на руската воена приватна компанија „Вагнер“ недалеку од Минск. Тој им порача на оние што ги испратија да престанат да лажат.
– Најпрво тие рекоа дека биле во транзит и дека требало да одат во Судан преку Истанбул, а сега тврдат дека биле испратени во Венецуела – рече лидерот на Белорусија. – Всушност, тие беа испратени на мисија во Белорусија.
Говорејќи за претстојните избори, Лукашенко ги нарече своите ривали „сирачиња кои не знаат што прават, и го прават она што им го напишале нивните газди да го прават“.

Лукашенко е убеден дека направија добро во Белорусија со тоа што не воведоа карантин поради короната, фабриките работеа, немаше зголемување на невработеноста.
„Додека светот гладува, во Белорусија има невиден род на пченица“, рече Лукашенко, додавајќи дека треба да се престане со верувањето дека „фер избори ќе му дадат мистична слобода на бизнисот“. – Вистинските бизнисмени се развиваат од нула, а не од приватизацијата на државниот имот.
Тој се пофали дека во Б елорусија не ги размазиле своите службеници ниту со плати ниту со привилегии, што беше јасна алузија на ситуацијата во Русија кога станува збор за шефовите на државните компании кои имаат огромни плати и бонуси.
Говорејќи за негативните фактори, Лукашенко рече дека буџетот на Белорусија изгуби милијарда и пол рубли поради кавгите со „Гаспром“. Од друга страна, тој ја пофали Кина за проширување на економската соработка со Белорусија, а за време на епидемијата на коронавирусот, раководството во Пекинг испрати медицински помагала. 

Одиме во пропаст

– Нашата планета постепено, но сигурно, се лизга во пропаст. Се чини дека е доволно да се запали обично чкорче и планетата ќе експлодира – рече Лукашенко. – Светот станува се повеќе нестабилен и непредвидлив, а несогласувањата меѓу државите и сојузите, акумулирани во текот на последните децении, се претвораат во критична фаза на конфликтот.

УСТАВ
Лукашенко предложи уставот да се смени во следните пет години, истакнувајќи дека „ова треба да се направи на референдум, а не на митинзи на плоштадите“.
Loading...

Related posts

Leave a Comment