Свет

Москва тврди: Украинските националисти планираат хемиски напади доколку влеземе во некои градови

Украинските националисти планираат хемиски напад во неколку украински региони во случај руските војници да влезат на овие територии, изјави Михаил Мизинчев, шеф на рускиот Национален центар за управување со одбраната, цитиран од руската државна агенција ТАСС .

„Националистите поставија мини во складишта за амонијак и хлор во хемиската фабрика „Сумихимпром“ во Суми за да ги отрујат жителите на регионот Суми во случај руските војници да влезат во градот“, рече тој. „Во населбата Котљарово, во областа Николаев, милитанти на националистичките единици планираат провокација со употреба на отровни хемикалии. За таа цел, тие поставија контејнери со токсични хемикалии во зградата на гимназијата, кои ќе експлодираат кога руските сили ќе се приближат до населбата“.

„Го предупредуваме целиот цивилизиран свет и меѓународните организации на цинични провокации на украинските власти, кои, доколку се реализираат, ќе бидат ставени на одговорност на руските војници, како што е направено многупати“, рече тој сметајќи дека Украина е инструмент на антируската политика во рацете на САД и низа земји од ЕУ. Тој, исто така, раскажа неколку прекршувања пријавени од рускиот штаб за координација за хуманитарен одговор во Украина. Еден пример наведен од Мизинчев беа радикалите од баталјонот за територијална одбрана, кои наводно изнудувале пари од цивили на контролните пунктови покрај автопатот што ги поврзува Чернигив и Киев под изговор дека собираат средства за украинската армија. „Таксите за оние кои се обидуваат да побегнат во Русија се двојно повисоки. Најциничното нешто е дека ако на луѓето им недостасуваат пари, радикалите им ги запленуваат нивните автомобили.

Related posts

Leave a Comment