Тенис

Надал го совлада Шварцман за полуфинале на Ју-Ес Опен (Видео)

 

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на  Ју-Ес Опен, откако го совлада Аргентинецот Диего Шварцман со 3: 0 по два часа и 48 минути борба, сетови 6: 4, 7: 5, 6: 2.

Во борбата за финалето, Надал ќе игра против Италијанецот Матео Беретини, кој го елиминираше Гаел Монфис со 3: 2 по голема борба (3: 6, 6: 3, 6: 2, 7: 6, 7: 6).

Надал успеа две години по ред да стигне до полуфиналето на сите четири грен слем турнири, а ова ќе биде негово 33. грен слем полуфинале во неговата кариера. Шпанецот  за два часа и 48 минути игра ја оправда својата  улога на фаворит и се избори за полуфинале на третиот гренд слем сезонава.

Надал моќно го отвори натпреварот, водејќи 4-1 во првиот сет, но Шварцман го крена нивото на игра и  изедначи. Сепак, следуваше нов налет на Надал, со два последователни освоени гема поведе во сетови.

Во вториот сет се случи слично сценарио, Шпанецот водеше со 5: 1, но Шварцман повторно успеа да се врати и да  изедначи. Тој не можеше да стори повеќе од тоа. Надал го доби третиот сет рутински за 33. грен слем полуфинале во неговата кариера.

Во другото полуфинале се среќаваат Русинот Данил Медведев и Бугаринот Григор Димитров.

Ју-ЕС Опен се  игра за награден фонд од 42.860.000 долари.

Loading...

Related posts

Leave a Comment