ХРОНИКА

Надлежните институции молчат: Се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафуле

Молк од надлежните институции: Се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич

Професорката од институтот за историја, Виолета Ачкоска на својот Фејсбук профил објави трогателна вест дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. За оваа вест, досега нема никаква реакција ниту информација по медиумите, надлежните органи и пошироката јавност.

Како што пишува професорката, таа оваа информација ја дознала од учениците кои оделе на самиот погреб. Нејзината објава ја пренесуваме во продолжение.

 

Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5- ти спрат и слични самоубиства… Можеби некој знае, но не оваа јавност која се уште е “траурна” од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите., пишува професорката Виолета Ачкоска.

 

Нејзиниот Фејсбук статус за кратко време предизвика големо внимание, но за ова се уште има молк од наделжните институции.

 

 

Related posts

Leave a Comment