Свет

Напад на пристаништето во Триполи, силите на Хафтар тврдат : Бомбардиравме турски брод

 

Пристаништето во либискиот главен град Триполи беше нападнато денес, изјави претставникот на Обединетите нации во Либија Гасан Саламе.

Новинар на Ројтерс во Триполи видел густ чад во пристаништето.

Според извори од пристаништето, бил погоден магацин, но ниту еден брод.

Бродовите, вклучително и танкери со гориво, кои беа вкотвени на пристаништето, беа евакуирани по нападот, соопштија двајца неименувани пристанишни службеници.

Силите на либискиот генерал Хафтар тврдат дека тие бомбардирале турски брод „натоварен со оружје и муниција“ во пристаништето во Триполи.

Портпаролите на либиската национална армија (ЛНА) соопштија дека нивните сили напаѓале товарен превоз на муниција и оружје од Турција до пристаништето во Триполи, каде што е седиштето на владата поддржана од ООН, пренесува Раша Тудеј.

„Турски брод натоварен со оружје и муниција што вплови во пристаништето во Триполи утрово е уништен“, се вели во краткото соопштение за печатот издадено на Фејсбук страната на либиската национална армија (ЛНА).

Портпаролот на ЛНА, Халид ал-Махјуб, изјави за Ал-Арабија дека пристигнувањето на бродот е повреда на ембаргото за вооружување, како и носење оружје за вооружување на милитантите.

Loading...

Related posts

Leave a Comment