Соопштенија

Народен протест против полицискиот час и драконските мерки 31.5.2020 (недела) 12:30 часот

Фотографија на Tirko Slobodanovski.

Народен протест против полицискиот час и драконските мерки

НАРОДЕН ПРОТЕСТ
31.5.2020 (недела) 12:30 часот, збирно место
Сајмиште, паркинг.
Продолжуваме кон Влада, збирно место во 13:00 часот

Во Република Македонија беа воведени едни од најригорозните мерки во регионот за справување со т.н. пандемија на коронавирус. Цели 75 дена вонредна состојба и скоро исто толку полициски час во времетраење зависно од потребите и проценките на властите дали за викенди и празници вирусот планира да одмора или да работи. А при тоа, се регистрираа најмногу случаи по глава на жител.

Полицискиот час е укинат, но дали засекогаш? Зависно од политичките потреби дали би го вовеле пак? Се најавуваат проверки на лични податоци во кафуле и ресторант! Дали е тоа нормално?

Задолжителната вакцинација и 5Г ни тропаат на врата. Зарем треба да чекаме да се воведат, па да делуваме? Со првото воспоставување на новиот Парламент извесно е дека тоа ќе се случи!

Целиот свет се разбуди. Протести во САД, Германија, Србија, Романија, Италија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Британија, Австралија. Дали конечно се буди и Македонија?

 

                                                                                  ПРОТИВ

• Полицискиот час и драконските мерки за справување со т.н. пандемија и укинување на основните човекови права и слободи
како форсираното наметнување на носење маски и држење дистанца;

• Задолжителна и присилна вакцинација;

• Инсталирање на 5Г мрежа;

ЗА:
• Оформување на експертска Влада која ќе се справи со ситуацијата и ќе спроведе фер и демократски избори

ПОКАНЕТИ се сите граѓани и лидери на Република Македонија на заеднички Протест за добробитот на сите нас, луѓето, народот.

Д О С Т А Е, П Р Е Т Е Р А В Т Е !
О С Т А В К А!

Народот изразува огромно незадоволство против драконските мерки на власта и опозицијата и нивното учество во директен геноцид врз својот народ. Од осамостојувањето па до денес нѐ лажевте, крадевте, омаловажувавте, тероризиравте, менувавте историја, нѐ бришевте со пенкало…Овој пат посегнавте по нашата слобода, Сонцето, чистиот воздух, правото на изразување, правото на заработка, правото на живот. Нѐ затворивте како стока под изговор на т.н. пандемија за која и врапците на гранка знаат дека е целосно исценирана театарска ситуација. Нѐ труете со лаги за измислени смртности од т.н. КОВИД-19 при тоа применувајќи сосема погрешни протоколи на лечење, а воедно и скоро сите морбидитети ги прикажувате како смртност од т.н. КОВИД-19.

Македонскиот народ и сите малцинства денес сплотено протестираат против лагите кои секојдневно ни се пласираат за да сме се „заштителе“ од непостоечката пандемија на корона вирусот, а под чиј превез се спроведуваат други агенди.

Знајте дека сме разбудени, дека сме свесни и дека веќе не веруваме на вашите лаги.

КАРАНТИН Е КОГА СЕ ЗАТВОРЕНИ БОЛНИТЕ,
ТИРАНИЈА Е КОГА СЕ ЗАТВОРЕНИ ЗДРАВИТЕ!

Вие Господа, од Бога одродени спроведувате ТИРАНИЈА! Нѐ затворивте дома за починати 113 лица. Бог да ги успокои нивните души, но зарем мислите не знаеме дека тие не се починати од т.н. КОВИД-19? Зарем мислите дека не знаеме дека спроведувате погрешни протоколи на лечење и дека нудите „надомест“ за да роднините на почнатите потпишат дека ближниот починал од т.н. КОВИД-19? Зарем мислите дека пријавените 2,000 заразени од т.н. КОВИД-19 не се навистина заразени од него бидејќи не постојат веродостојни тестови?
Се лажете, сѐ знаеме! Затоа:

• ВЕДНАШ укинете го полицискиот час и вонредната состојба еднаш засекогаш;

• Ослободете го економскиот сектор, без никакви услови за богохулничкото ново „свето тројство“: маски, дезинфицирање и социјална дистанца;

• Отворете ги границите без задолжителни тестови и карантини;

• Откажете се од условувањето на слободата на движење преку носење маски и држење дистанца (дури и корумпираната СЗО вели дека здрави лица не треба да носат маски бидејќи е многу штетно по здравјето, а воедно, на самото упатство на маските се вели дека нема никаква гаранција дека маската заштитува од било каков вирус);

• Напуштете ги плановите и евентуалните постапки за купување на вакцини против корона вирусот (или КОВИД-19?) за која и самата ГАВИ се изјасни дека можно е вакцина воопшто да не се направи. Колку милијарди евра се планирани да се одлеат за оваа вакцина? Известен ли е народот кој ќе треба да плати за недоволно испитаната, набрзина направената, прашање-колку-е-ефикасната вакцина?

• Немојте ниту да помислувате да вакцинирате со вакцина за сезнски грип како замена за вакцината за корона (или КОВИД-19?) за која е докажано дека е една од најнеефикасните и прави повеќе зло отколку добро. Ќе одговарате за геноцид!

• Под итно раскинете го договорот со Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс кој Република Македонија го склучи лани во месец мај. Се прашуваме какви сѐ обврски презедовме како држава кон нив? Дали ќе бидеме експериментални глувци за новите вакцини на „филантропот“ Бил Гејтс? Многу држави се откажаа од оваа фондација, народот во САД поднесе петиција за спроведување истрага во истата, а пратеник во италијанскиот Парламент повика на апсење на Бил Гејтс заради геноцид и злосторства против човештвото!

• Вратете ги децата во школите и градинките без мерките за ненормалното “ново нормално”;

• Не помислувајте повторно да дискриминирате првачиња заради нивниот неполн вакцинален статус;

• ВЕДНАШ прекинете со поставување на инфраструктурата на 5G мрежата и отстранете ги сите веќе поставени антени. Многу добро знаеме за што служи ова воено оружје. Зарем државите, веќе 15 на број, кои го забранија неговото воведување се необразовани или глупави? Зарем научниците кои поднеоа иницијатива до ООН и ЕУ да се одложи воведувањето на 5G технологијата додека не се докаже дека е безбедна не знаат што прават? Многу добро знаеме како планирате да го спроведете „вториот бран“ на т.н. КОВИД-19. Токму преку оваа технологија! Што ќе воведувате кај нас со 5G? Smart homes, Internet of things, Transhumanism, роботизација? Зарем до таму дојдовме, да живееме со висока технологија, а реалноста е дека народот плаче за парче леб?

• Откажете се од фотељите и дајте простор на луѓе од народот, експертска Влада која ќе знае како да се справи со ситуацијата и која ќе помогне во спроведување на првите вистински, фер, народни избори!

Не си играјте со народот кој живее овде! Ние сме мирни, спокојни, но и воинствени. Не заборавајте, вие постоите поради нас, таму сте каде што сте поради нас! Како сте дошле, така и ќе си одите! Не нѐ третирајте како експериментални глувци, бидете искрени, излезете на прес, извинете се и повлечете се!

Организатор на овој протест не е поединец, организација или партија, сендвичи нема, пари нема! Организатор е НАРОДОТ! Секој Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Бошњак, Влав, Ром и сите останати малцинства се организатори, се воздигнуваат за враќање на својата слобода на говор, движење, право на живот, право на верба во подобра иднина за нас и нашите деца во нашата држава, Република Македонија!

Loading...

Related posts

Leave a Comment