Македонија

Народ кој не се бори за својата гордост , достоинство и историја во моменти кога е нападнат , не заслужува слобода и национален третман – Драган Стоиловски

 

 

Тивко е на ножот после храбрата битка а сега уште потивки се сегашниве Македонци што немо ги набљудуват антимакедонските предавања и уништувања на владејачката илегална структура.

До кога молк, плашење и одмолчување на корозивните активности ?

Дали само критиката е доволна без соодветна конкретна реакција за запирање на негативниот од?

Народ кој не се бори за својата гордост , достоинство и историја во моменти кога е нападнат , не заслужува слобода и национален третман. Сакал или не, ќе се претвори во амфорна маса што секој со него ќе си подигрува и исмејува.

Откога картите се повеќе од отворени и кристално јасни , борбата за организирање и координирање навидум изгледа многу полесна и едноставна.
Определување на целта, минимум конзенсус и создавање услови на реализација.
Откога таа толку посакувана цел е достигната , тогаш е слободен патот за испеглување на одредени второстепени разбирливи разлики и надмудрувања.

Можеме ли?
Илинден очекува одговор…

 

Драган Стоиловски

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!