Свет

Наследникот на престолот на Велика Британија, принцот Чарлс позитивен на Коронавирус

Претплата: принцот Чарлс

Седумдест и едногодишниот наследник на престолот на Велика Британија, принцот Чарлс, позитивен на тестот за коронавирусот. 

„Тој покажува благи симптоми, но инаку останува во добра здравствена состојба и работеше од дома во текот на последните неколку дена како и обично“, се вели во денешната изјава од Кларенс Хаус, неговата резиденција во Лондон. 

Не е можно да се утврди кој му го пренел вирусот , се вели во соопштението, „заради големиот број на ангажмани штопринцот ги извршуваше во својата јавна улога во последните неколку недели“. 

Неговата сопруга Камила војвотката од Корнвол исто така е тестирана, но е негативна на вирусот.

„Во согласност со владините и медицинските совети, принцот и војвотката сега се самоизолираат во својот дом во Шкотска“, се додава во соопштението.

Како најстаро дете на кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс е следен во наследност на престолот, по што следува неговиот син принцот Вилијам.

Loading...

Related posts

Leave a Comment