Македонија

НАТО фрла ранци од авиони низ Македонија

 

Во текот на вчерашниот ден, тежок ранец паднал од воен воздухоплов на НАТО, врз натстрешница на помошен објект во куќа во Неготино.

Се случи околу пладне. Децата и татко ми беа надвор, во дворот. На улицата исто така имаше многу луѓе, деца возеа велосипеди, си играа. Одекна како експлозија и истрчав надвор. Имаше што да видиме – вака за ,,Фокус” раскажува очевидец на вчерашниот настан, кога тежок ранец паднал од воен воздухоплов, врз натстрешница на помошен објект во куќа во Неготино.

Од силниот удар надстрешницата била целосно уништена, а вознемирените луѓе веднаш повикале полиција.

-Дојде полицијата, го обезбеди местото. По некое време дојдоа и автомобили со скопски регистарски таблички, дојде војската. Околу три-четири часа се задржаа во дворот каде што падна ранецот. Се собра и многу народ, целата улица беше таму, доаѓаа и луѓе од други делови на градот.
Што треба да мислиме после ова? Дека ние, жителите на Неготино сме изложени на огромна опасност! Доколку ранецот со таа брзина со која паѓал, удрел во дете или пак возрасен човек, знаеме кој ќе беше епилогот. Ова е страшно и не смее да се повтори никогаш! – раскажуваат очевидци на немилиот настан.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!