ЗдравјеНаука

Научна револуција во медицината : Вирусологијата побиена во контролните експерименти на германскиот микробиолог Стефан Ланка!!

 

Stefan Lanka: "Los virus no son microbios y no tienen capacidad infectiva"  (II) — DSalud

Ако сте вирусолог и сакате да докажете постоење на вирус и неговата причинско последична врска со болест , мора да ги поминете следните 3 процеси :

“Како се докажува постоење и патогеност на вирус”

1. Изолирање , екстрахирање на вирусот од заболена личност и прочистување за да се покаже дека постои изолат кој се состои од чисти вирусни честици и ништо друго.
2. Визуелизирање на вирусот под микроскоп , фотографија , карактеризирање на неговата биохемиска структура. Секвенционирање на неговиот геном и одредување од кои протеини се состои.
3.Трансферирање на прочистениот вирус во експериментален здрав организам – домаќин, каде што треба да појави болеста за која се тврди дека е настаната заради вирусот.
4. Повторно трансферирање на материјал од новозаболениот организам во друг здрав , за да уште еднаш се повтори настанувањето на болеста со што се потврдува причинителот.

Ова требаше кинеските медицински авторитети да го спроведат со првиот т.н Ковид пациент во Вухан за да докажат дека респираторната болест е предизвикана од вирус.
Луѓето прашуваат; зарем фактот што голем број луѓе на исто место се разболеа истовремено не е доволен доказ?
Да го разјасниме тоа; кога гледаме голем број луѓе кои се разболуваат истовремено се извршуваат епидемиолошки опсервации. Епидемиологијата не докажува постоење на било што ниту пак може да потврди специфична врска помеѓу настанати состојби. Улогата на епидемиолошките опсервации е да го евидентира фактот дека луѓе пројавуваат одредени симптоми, можат да дадат претпоставка – хипотеза која треба да помине низ тестови за да се разберат и потврдат причините за состојбата. Епидемиологијата не се бави со докажување на постоење на причинители.

Дали знаете за болеста Скорбут? Кога сите морнари кон крајот на 18ти век истовремено заболеле и умирале од таа болест се одело со претпоставка дека се заразиле меѓу себе. Ги имале истите симптоми , се разболувале еден по друг и умирале. Затоа и долго време се мислело дека Скорбут (Scorvy) е заразна болест , а вушност била болест на недостаток на витамиин Ц и други основни нутритиенти. Истото се случило и со болеста Берибери – недостаток на Б1 (Тиамин) и Пелагра – недостаток на Б3 (Ниацин). И тоа не се единствени примери. Ако мислите дека луѓе кои покажуваат исти симптоми , во непосредна или директна близина или во други региони истовремено, автоматски докажува дека заразен вирус е причина и се заразиле тогаш и за Чернобил би требало да се тргне со таа претпоставка , дека не е нуклеарната станица туку вирус.Секој компетентен физичар и научник ќе се согласи дека епидемиолошките опсервации не докажуваат постоење на вирус. Респираторните заболувања можат да бидат предизвикани од многу различни фактори како на пример труење преку воздух.
Постојат многу студии за пневмонии предизвикани од терапии и лекарства. Постојат повеќе од 600 познати фармацевтски препарати и лекови кои предизвикуваат пневмонија.

https://klinitsist.abvpress.ru/Klin/article/view/124

Објавените студии за вирус Сарс Ков 2 тврдат дека го изолирале вирусот, а јасно е наведено е дека не се извршени овие едноставни и успешно применливи чекори во микробиологијата.
Преку нив се доаѓа до прочистени честици од останатиот материјал. Земале примерок од белите дробови на пациентот во Вухан , не го филтрирале низ филтри преку кои би се ослободиле од сите други поголеми молекули за да дојдат до молекули кои се мерат во намометри. Потоа не користеле градиент центрифуга за густина со што филтратот се спинува за да се раздели од сите различни мали молекули, според големина и според густина.

Понатака сите молекули со иста големина и густина треба да се најдат во еден ист свиок. Се земат овие честици (од истиот свиок, со иста големина и густина), па да се студира и утврдува нивниот геном , протеините од кои се состојат и се тестира нивната патогеност.
Тоа преставува изолирање на вирус, ништо повеќе или помалку.
Ако не е постапено соодветно на овие постулати , ако се нема примерок од вирусот и понатамошните чекори за докажување на причинско последичната врска со болеста – креирање на дијагностички тест и вакцини е невозможно.

Во вирусологијата ова никогаш за ниту еден вирус не е направено. Вирусолозите се единствени научници кои не се потпираат на речникот и терминологијата за зборот изолација и затоа методот кој го применуваат нема никаква врска со генералното значењето и толкување на зборот.
Во вирусологијата денес да изолираш вирус не значи да екстрахираш вирус од болен пациент туку перформанс на така наречената „клеточна култура“

Земаат примерок – течност од белите дробови, ја ставаат во Веро клетки (бубрег од мајмун) , додаваат голема количина антибиотици и го регулираат дотокот на нутритиенти. Потоа го набљудуваат цитопатогениот ефект односно изумирањето на клетките и тоа го препишуваат на вирус. Додаваат антибиотици и антифунгални лекови на изгладнети клетки.А тоа што ги убива клетките се цито и нефро токсините и гладта.

Зошто контролни експерименти не беа никогаш до сега направени ? Затоа што ќе беа откриени резултати кои би довеле до исчезнување на вирусологијата.

Џон Ендерс ја постави методологијата со која денес се служат , која е апсолутно погрешна и ја нарекуваат изолација.
А за да се докажеше дека се во право за тоа што го тврдат само требаше да ги спроведат контролните експерименти со земен не – инфициран материјал како на пример плунка од здрав човек или стерилен раствор и да ги повторат истите процедури , истата количина на антибиотик , истото изгладнување на клетките и да покажат дека цитопатогениот ефект не се случува во услови без додаден инфициран материјал , дека процедурата не е таа која ги убива клетките.

Не само за Сарс Ков 2 …Дали некогаш во историјата на вирусологијата воопшто биле направени вакви контролни експерименти? Никогаш.Во науката тоа е недозволиво.

Истиот Џон Ендерс во 1945 г. објави публикација „Размножување на цитопатогени агенси во ткивни култури кај пациенти со сипаници“ (https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/13177653/), каде што ги опиша ткивните култури и изјави (квота) :
“…Вториот агенс е добиен од инокулирана култура на бубрежна клетка од мајмун. Цитопатогените промени предизвикани во необоените препарати не може да се разликуваат со сигурност од вирусите изолирани од сипаници.”

Нема достапен опис

 

Примероците од пациенти со сипаници биле само примерок од слузница. Не прочистен вирус. Ендерс земал примероци од деца. Вели дека направил контролни експерименти. Всушност земал примерок од клеточно ткиво и во постапката од неколку чекори која се спроведувала на ист начин и тогаш и денес го поставил во истите услови ; го лимитирал дотокот на нутритиенти , додал токсични антибиотици ине користел материјал од болна личност. Само клетки , изгладнување на клетките , кратење на нутритиентите. И како што напишал, не можел да направи разлика со сигурност помеѓу добиените резултати и инфицираниот материјал со вирус во него. Ова е директен доказ дека цитопатогениот ефект не е последица на вирус туку на токсичните и неподобни услови на кои се изложени клетките при експериментите.

Што се случива понатаму? За време на клеточното распаѓање, клетките ослободуваат голема количина на најразлични честици кои содржат генетски материјал произлезен од распаѓањето на клетките од мајмун, човечката слуз, како и од ембрионалниот говедски серум кој секогаш го додаваат во клеточните ткива. Таму Ендерс додал и млеко од крава. Примероците земени од грлата на децата исто така се потопувани во млеко , па Ендерс потоа додава Пеницилин и Стрептомицин по што го центрифугира примерокот на 5450 рпм околу еден час.Честиците кои се распаѓаат и содржат генетски материјал за време на распаѓањето поризведуваат вонклеточни везикули кои содржат нуклеинска киселина во себе.Нивната појава ја сметаат за доказ и причинител на болест и дека вирусот се размножил. Вирусолозите ги гледаат овие честици под микроскоп , ги одбираат оние кои имаат појасна појава и ги фотографираат.

На таков начин се одбрани и фотографирани честици кои ќе добијат име Сарс Ков 2.
Никогаш изолирани честици…само одбрани од целокупниот материјал кој настанува како последица.Не постои никаков доказ дека прикажаните честици се било каков вирус.
Тоа што е прикажано на фотографиите во студиите за Сарс Ков 2 е буквално еднаков приказ со егзозоми. Тоа се честици произведени од човечки клетки кои не се патогени.

Да видиме што напиша за ова Ендерс во 1957 во публикација со наслов : “Вирус на Сипаници : Сумирани Експерименти во Врска со Изолација, Карактеристики и Однесување” (https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/13403020/) , (квота) :
„Ракл во последно време пријави слични откритија и додаде дека изолирал агенс од ткиво на бубрег од мајмун, кој досега не се разликува од вирусот на мали сипаници. Сепак, проблемот со потеклото на агенсот кој е одговорен за присуството на овие антитела кај очигледно нормалниот мајмун, сè уште не е решен“

Овде Ендерс всушност изјавува дека цитопатогениот ефект или е предизвикан од вирус или дека е во прашање клеточен отпад.
Уште една квота од истата публикација:

„..Постои потенцијален ризик да се користат култури на приматни клетки за производството на вакцини составени од ослабен вирус, бидејќи постоењето на други агенси кои се можеби латентни во приматните ткива не може да се дефинира како исклучено со кој било познат метод“..!!

 

Нема достапен опис

Истото ова го потврдија современи научници и истражувачи во 2020 во ( https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7291340/ ) – “Улогата на Eкстрацелуларните(вонклеточни) везикули како сојузници на вирусите на Хив, Хцв и Сарс вирусите”).

Ја анализирале врската што ја имаат вонклеточните везикули со назначените болести. Па велат (квота) :

“…Денес е скоро невозможна мисија да се одделат ЕV (вонклеточни везикули) и вирусите со помош на канонските методи на изолација на везикули, како што е диференцијална ултрацентрифугација, бидејќи тие ретко се ко-пелетираат поради нивната слична димензија . За надминување на овој проблем, различни студии предложија одвојување на EV од честичките на вирусот преку истражување на нивната различна брзина при миграција , преку градиент на густина или со користење на специфично присуство на специфични маркери кои ги разликуваат вирусите од EV. Сепак, до денес, ПРОВЕРЕН МЕТОД НА КОЈ ВСУШНОСТ МОЖЕ ВИСТИНСКИ ДА ГАРАНТИРА КОМПЛЕТНО РАЗДВОЈУВАЊЕ НА ОВИЕ ЧЕСТИЦИ, НЕ ПОСТОИ.”

Нема достапен опис

 

 

Нема достапен опис

Ако вонклеточните везикули и вирусите се толку идентични што воопшто не можат да се разликуваат, тогаш на која основа се тврди дека вируси се предизвикувачи на болест , или дека посочените честици не се егзозоми или друг клеточен отпад кој настанува како последица од цитопатогениот ефект?

Во 1950те контролен експеримент направен од Ендерс беше игнориран од сите , и од самиот Ендерс.
Неговата процедура стана стандардна во вирусологијата и единствен начин за докажување на постоење на вируси.

Се наоѓаме на работ на вистинска Научна револуција. На 21 Април германскиот микробиолог Стефан Ланка го изведе првиот контролен експеримент (после тие на Ендерс кои дадоа ист резултат), за цитопатоген ефект со кој докажа дека вирусите се претставени на погрешен начин , исто и методологијата што се користи за да се претстават како предизвикувачи на болест.
Резултатите од експериментот кои се прикажани на фотографиите покажуваат дека е постигнат истиот ефект што го користат вирусолозите како доказ за присуство на вирус, како заразен агент кој предизвикал болест без додавање на инфициран материјал . Ланка користел РНК од сттандардизиран квасец.

https://klinitsist.abvpress.ru/Klin/article/view/124

 

Нема достапен опис

На првата фотографија е претставена клеточна култура во нормална и здрава средина.
На втората фотографија клетките се додадени во култура каква што користат вирусолозите – серум од говедски фетус. Таму се додадени антибиотици во мала доза за да можат постепено да се навикнат. Ланка го употребува антибиотикот Амфотерецин кој е користен во сите Сарс Ков 2 студии за изолација.Тука започнува експериментот ; драстично намалување на вредноста на нутритиентите од 10% на 1%, на начин на кој вирусолозите постапуваат. Потоа се додава масивна доза антибиотик , 3 пати поголема од претходно и веднаш се забелжува дека клетките не се во иста состојба во рок од еден ден по додавањето на антибиотиците, но драстично се влошува состојба по 5тиот ден.
Прикажан е токсичниот ефект врз клетките односно цитопатогениот ефект (ЦПE).
На третата фотографија дотокот на нутритиенти од говедски серум е намален од 10% на 1% а дозата на антибиотик зголемена од 1 на 3.
Станува очигледна абнормалноста на клетките и се случува ЦПЕ.(4та фотографија)

Со оваа постапка научно се докажа дека структурата на вирусот Сарс Ков 2 не постои и од таму не може да постои т.н Спајк протеин.
Спајк протеинот кој и го прикажуваат на јавноста претставува користење на компјутерски генерирани честици. Не постои вирусен геном.

Резултатите од овој експеримент се добиени и објавени во реално време. Изолирана е РНК од контролните кои не се третирани , изолирана е РНК од различно третираните клетки (verum samples), секвенционирана е, и нејзиниот квалитет е во одлична состојба за да и послужи на целта. Со оваа постапка вирусологијата е демантирана. Јасно е покажан ефектот на затруеност на клетките и причината за нивното изумирање , кое се случува на ист начин како последица од други причинители без додавање на заразен материјал. Ова е тип на експеримент кој требаше да се применува уште од 1954 , а до денес сеуште не постои ниту еден документиран доказ дека истото е спроведено се до 21. 04. 2021..

Вирусолозите го изедначуваат прикажаниот ефект на изумирање на клетките , односно цитопатогениот ефект со присуство на вирус.
Понатака , овие изумрени клетки ги нарекуваат изолат , а потоа истиот „го продаваат“ тврдејќи дека го содржи вирусот. Што е најтрагично тврдат дека според тој материјал треба да се создадат вакцини , дека можат да го употребат тој материјал и да го наречат „жива вакцина“ , а кога ќе ги отстранат индивидуалните протеини да ја наречат „деактивирана вакцина“. Тоа го тврдат само затоа што една компонента од наводниот вирус е присутна.

Следниот чекор, продолжува Ланка, е прикажување на материјалот под електронски микроскоп , каде што треба да се потврди присуството на истата состојба на не-инфективни честици кои вирусолозите секогаш ги посочуваат како вирални честици. Понатака ќе биде секвенционирана нуклеинската киселина. Ќе постапи исто како вирусолозите; ќе креира геном на Сарс Ков 2, Хив, Морбили , Ебола ; ќе го користи истиот материјал што го користат виролозите само нема да додаде инфициран материјал и ќе ги користи ИСТИТЕ КОМПЈУТЕРСКИ ПРОГРАМИ. Првиот дел од контролните експерименти е извршен успешно. Се очекуваат резултатите од електронскиот микроскоп и потоа следува генетика.
Во овој за прв пат успешно извршен до оваа фаза контролен експеримент , се наоѓа суштината на вирусологијата, а тоа во никој случај не е изумирање на клетки како последица од вирус!

 

Превод и подготовка: Милена Николиќ Симоновска

 

Related posts

Leave a Comment