На повидок е окрупнување на нов политички блок, составен од македонски патриотски вон парламентарни партии и здруженија, со вклучување на дијаспората.
Ова беше обзнането во вчерашната емисија Родински разговори, поткаст на политичката партија Родина Македонија. Во емисијата, покрај преставникот на истоимената партија, учество земаа и прeтставницитe на координативното тело на македонците од светот, Драган Стоиловски и Ицо Најдовски.
Беше објавено дека иницијативата се состанала во Скопје пред двe недeли и дека е договорена соработка за барање на измена на изборниот закон, со акцент на една изборна единица.
Не е исклучена и можноста оваа иницијатива да прерасне во политички блок, кој би настапил заеднички на престојните парламентарни избори.
Иницијативата најави поништување на прeспанскиот и сите други штетни договори направени во изминатите 30 години.
Погледнете го видеото: