Свет

Највакцинираната земја на светот во хаос, Граѓаните се понервозни пораи фактот што вакцините не ја спречија пандемијата

Zázrak ve Svaté zemi? Za raketovým tempem očkování v Izraeli stojí  strategie, peníze i politika

НАФТАЛИ Бенет го започна својот мандат како нов израелски премиер, пофалувајќи ја успешната програма за вакцинација на неговиот претходник против ковид ветувајќи многу повеќе.

„Вакцинација, не заклучување“, беше неговата мантра, следеше пресврт од донесување на мерки на национално ниво до сметање на индивидуална одговорност на поединецот.

А потоа делта сојот се прошири низ целата земја и бројките почнаа да скокаат. Во телевизискиот говор на 13 јули, Бенет ги повика Израелците да „преземат одговорност“ или да се соочат со можност за нов лок даун и ги замоли луѓето да не патуваат во странство.

– И онака вашето патување ќе биде откажано, затоа ве советувам да не нарачувате билети – рече тој.

Бенет ја копираше тактиката од Велика Британија, земјата каде делта сојот започна да се разгорува околу еден месец пред Израел. Но, Израелците не се како Британците, кои главно ги поддржуваа ограничувањата и ги почитуваа. Голем дел од нив го игнорираа предупредувањето на премиерот и масовно патуваат во странство на годишни одмори.

Како резултат, Бенет свика итна седница на Владата и презеде понатамошни активности. Тој нареди сузбивање на прекршувањата на мерките со помош на израелска технологија – и и нареди на полицијата да испраќа СМС-пораки кои им овозможуваат точно да го утврдат движењето на лицето кое ги примило. Оваа програма е позната како „хаскамон“, а нејзиното воведување значи дека оние што ги прекршуваат мерките ќе бидат посетени од полицијата.

Сметајќи на претпоставката дека повеќето случаи на делта се „увезуваат“ од странство, Бенет исто така го прошири списокот на земји во кои на Израелците им е забрането да летаат. Патниците кои доаѓаат од „зелените земји“ мора да направат задолжителен тест на аеродромот и уште еден тест четири дена подоцна.

Ограничувањата што Бенет вети дека нема да ги наметнува доаѓаат толку брзо што луѓето се збунети. Пораките од владата ја продлабочуваат конфузијата. Минатата недела, генералниот секретар на Министерството за здравство шпекулираше на телевизија за можен лок даун што ќе ја затвори економијата. Набрзо се извини, но со забелешка дека „никогаш не знаете што ќе се случи“.

Следеше јавна расправија меѓу високо ценетиот владин епидемиолог кој рече дека училиштата можеби нема да се отворат во септември и разбеснетиот министер за образование кој се заколна дека ќе ги отвори. Во понеделникот Израелците се разбудија со веста дека аеродромот наскоро може да биде затворен за сè, освен за најитните патувања. Откако оваа вест предизвика бес, министерот за здравство го демантираше тоа.

Како што се очекуваше, ваквите контрадикторни изјави предизвикаа скептицизам кај Израелците, особено затоа што тие честопати се многу подраматични од реалноста. Од заклетвата на Бенет, Израел забележа 17 смртни случаи од ковид, што е помалку од еден на ден. Во моментов, хоспитализирани се 66 пациенти и тој број расте бавно. Поголемиот дел од вакцинираната популација, особено оние помладите од 60 години, веќе не се плашат.

Со толку мал број сериозно болни пациенти, се чини дека нема непосредна опасност од преоптоварување на здравствениот систем, што претставува најголема загриженост во Велика Британија и другите земји кои усвоија стратегија за „лична одговорност“. Масовната вакцинација на деца масовно се спроведува и во Израел, а се очекува ризикот од пренесување на вирусот дополнително да се намали.

Иако многу Британци стравуваат дека земјата е отворена прерано, Израелците се скептични во однос на заострената реторика и веројатно нема да ги почитуваат понатамошните ограничувања без добра причина. Што се однесува до нив, вакцинацијата беше успешна, пишува Блумберг.

Не доведувајќи ја во прашање вистинската грижа на Бенет за населението, но како и секој политичар, тој е загрижен за сопствениот политички опстанок. Па тој си остави опции. Ако успее британскиот пристап што го прифати наскоро по стапувањето на должноста, тој може да тврди дека бил меѓу првите што го прифатил, со додавање на одредени ограничувања, како што се построгите гранични контроли. Ако вистинската слобода се покаже како недостижна, тој може да каже дека брзо ги увидел ризиците и додал ограничувања.

Related posts

Leave a Comment