Свет

Најмалку 14 убиени, 45 ранети во бомбашки напад во Авганистан

 Фото: ЈАП ЕПА-ЕФЕ / ВОТАН

Кабул – Во две експлозии во централен Авганистан, во провинцијата Бамијан, најмалку 14 лица загинаа, а 45 беа повредени, соопштија денеска властите на таа покраина.

Во исто време, меѓународната заедница побара помош за Авганистан во Женева, објави Ројтерс.

Експлозивните направи биле скриени крај патот, во близина на главната чаршија во градот Бамијан, при што загинале 12 цивили и двајца сообраќајни полицајци, а повредени се 45 минувачи, изјави Забардаст Сафаџи, началник на полицијата во провинцијата.

Loading...

Related posts

Leave a Comment