Свет

Најмалку 57 Палестинци се повредени во судирите во Ал Акса

Ерусалим,

ЕРУСАЛИМ – Најмалку 57 Палестинци се повредени денеска во судирите со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, соопштија палестинските здравствени власти, пренесува Ројтерс.

 

Израелската полиција соопшти дека интервенирала откако стотици луѓе фрлале камења и пиротехнички средства и се приближиле до Западниот ѕид, каде што се одржувала еврејска богослужба.

Полицаец во таа прилика бил повреден од камен, а дрвото било запалено со огномет, соопштија израелските власти, пренесе британската агенција.

Израелската полиција, целосно опремена да ги разбие демонстрациите, утрово упадна во џамијата Ал Акса во Ерусалим, чиј комплекс е светилиште и за Евреите и за муслиманите, откако палестинските момчиња фрлаа камења на портата каде стоеја полицајците, изјавија очевидци за Ројтерс.

Полицијата употреби и дрон за да фрли солзавец, изјави шефот на џамијата.

Ал Акса е третото најсвето место за исламските верници, а изградено е на врвот на ридот кој е најсвето место за Евреите, кои го нарекуваат планината на храмот, и тоа е главното жариште на израелско-палестинското насилство со децении.

Палестинците го обвинуваат Израел дека го прекршил долгогодишниот договор со тоа што довел сè поголем број Евреи во полициска придружба да го посетат местото.

Израел тврди дека останува посветен на договорот за статус кво, а за насилството ја обвинува исламистичката група Хамас, која има моќ во Газа.

Исламскиот Рамазан оваа година се совпаѓа со еврејскиот празник Пасха и христијанскиот Велигден, така што десетици илјади верници од сите три религии се упатија кон Стариот град.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!