Македонија

На Богојески му било чест да слави Илинден заедно со Бугарија

 

„Заедничко славење на големиот национален ден на Илинден е голема чест за нас во Македонија и се надевам дека работите ќе се подобрат во иднина. Едноставно ни е  судено да бидеме заедно во обединета Европа и границите меѓу нас конечно ќе исчезнат.

Се надевам дека во иднина ќе имаме заеднички национални прослави, не само политички настани“, вели Петар Богојески од реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ  во анализа за бугарски БГНЕС.

Богоевски пишува дека „вештачкиот спор меѓу Македонија и Бугарија“ имал за  цел да ја прекине соработката меѓу двете земји, но дека потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка не само што позитивно ги регулира односите меѓу двете земји и обезбедува одлични перспективи за нив, туку и ја менува целата регионална политика на Балканот.

„Двете земји  категорилчно  се согласија со Договорот за нашето заедничко минато. Многу е важно да се заштити историската вистина од политизација. Структури во обете држави кои не сакаат добро на нашата заедничка европска иднина, се обидуваат да ја политизираат историјата, предизвикувајќи нови недоразбирања меѓу нас. И во двете држави тие се согласуваат дека е „штетен“ на договорот и бараат негова ревизија. Тие предлагаат некои анекси на договорот, а мотивот за тоа лежи надвор од националните интереси на двете страни и директно во лични интереси на заинтересираните страни“, пишува Богојески за агенцијата БГНЕС.

Related posts

Leave a Comment