Свет

На одбележувањето на роденденот на Ленин, Руските Комунисти дадоа подддршка за операцијата на претседателот Путин во Украина

Руските комунисти денеска на церемонијата по повод годишнината од раѓањето на лидерот на Октомвриската револуција, Владимир Илич Ленин, изразија поддршка за офанзивата на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, која ја гледаат како борба меѓу Москва и Вашингтон.

„Англосаксонците дојдоа (во Украина) да се борат за да владеат со планетата“, рече првиот секретар на Комунистичката партија на Русија, Генадиј Зјуганов.

Според него, во Украина се поставува „прашањето дали светот ќе биде униполарен под нивна команда (англосаксонците) или мултиполарен“ .

„Неопходно е да се брани државата“, рече Зјуганов, обвинувајќи ги НАТО и САД дека се борат против „рускиот свет“.

Зјуганов учествуваше на церемонијата на Црвениот плоштад по повод одбележувањето на 152-годишнината од раѓањето на Ленин.

Утрото во близина на ѕидините на Кремљ се собраа околу 200 луѓе, мавтајќи со портрети на комунистичкиот лидер и црвени знамиња со срп и чекан. Потоа поставија каранфили пред мавзолејот каде што се наоѓа Ленин, кој почина во 1924 година. Тој почива балсамиран и сè уште е изложен на јавноста.

Комунистите, како и целата руска политичка класа, го поддржаа Путин откако започна воена интервенција во Украина.

 

Related posts

Leave a Comment