На 25 март во Москва, во „Президент Хотел“, се одржа форум „Внатрешната русофобија како главна закана за руската државност“, организиран од Алексеј Кочетков, претседател на граѓанската иницијатива.
Соопштението за работата на форумот го превземаме од меѓународното здружение за словенско обединување и возродување-Русов.
Претставници на руските национално-патриотски организации, новинари, научници и други, учествуваа на настанот кој броеше нешто повеќе од 200 учесници, меѓу кои и нашите соработници, кои го поддржуваа овој форум од самиот почеток.
Од Меѓународното движење „РУСОВ“ учествуваа: лидерот на Движењето Андреј Родионов, шефот на московскиот огранок Андреј Смирнов и неговиот заменик Роман Демидов, како и раководителот на огранокот во Санкт Петербург, Дмитри Кисеља.
Според резултатите од работата на форумот, официјално обраќање ќе биде испратено до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
За Рускиот народ и Голема Русија! Работата е во тек, браќа!
Официјалната веб страна на нашето Движење: rusov.org