Свет

„Некој беше глупав“ : Трамп повторно вели дека вирусот потекнува од лабораторија во Кина

Američki predsednik Donald Tramp obraća se naciji iz Bele kuće

 

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да се залага за теоријата дека коронавирусот настанал во лабораторија.

Запрашан да ја коментира теоријата дека коронавирусот потекнува од лабораторијата на Институтот за вирологија во Вухан, претседателот Доналд Трамп на новинарите собрани во Овалната соба им рече дека „нешто се случило“.

„Веројатно тоа било поради нестручтност. „Некој беше глуп“, рече Трамп за време на средбата со гувернерот на Тексас.

Прашањето се случи откако државниот секретар Мајк Помпео изјави дека има „многу докази“ дека вирусот настанал во лабораторија.

За време на викендот, државниот секретар на САД, Мајк Пенс, изјави дека има огромни докази дека вирусот потекнува од Институтот за вирологија во Вухан.

Тој за „Фокс њуз“ во средата изјави дека видел докази дека ова веројатно потекнува од институтот, но додаде дека би бил среќен да види докази за спротивното.

Трамп, од друга страна, вети извештај за тоа каква улога имал институтот во глобалната пандемија, а Кина ја негира целата теорија.

Loading...

Related posts

Leave a Comment