Свет

Нема ништо од формирање десна алијанса во европскиот парламент – Полската владеачка партија и партијата на Фараж го отфрлија предлогот на Салвини

 

Полската владеачка партија на законот и правдата ( ПИС ) и британската БРЕГЗИТ ја отфрлија можноста за влез во пратенички блок на крајната десница во европскиот парламент.

Италијанската партија на екстремната десница  Лига е меѓу најголемите победници на изборите за Европскиот парламент кои се одржаа минатиот месец, а лидерот на таа партија Матео Салвини изрази желба за обединување на  другите партии од слична ориентација да ги надминат различностите и да формираат деснопартиска парламентарна група – Европска алијанса за народ  и држава.

Полскиот лидер на владејачката Демократска партија Јарослав Качински го отфрли приклучувањето во таков сојуз, поради прорускиот став на Салвини, и лидерите на француското национално движење Марин Ле Пен и германската Алтернатива за Германија.

Партијата Брегзит, која освои 29 од 72 места од Британија во Европскиот парламент, исто така рече дека нема да се приклучи на новиот сојуз, но не ја објави причината.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври, но нејзините пратеници ќе влезат во новиот Европски парламент кој ќе се свика во јули и ќе останат таму до “Брегзит”.

Loading...

Related posts

Leave a Comment