Свет

Нема одложувања во испораката на ракетни системи С-400 во Турција – Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се состана со рускиот претседател Владимир Путин на маргините од самитот на Г20 во Осака во саботата

 

 

 

Нема доцнења во процесот на доставување на руски системи за противракетна одбрана  С-400 до Анкара, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во саботата на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.

“Колку што јас разбирам, нема доцнења во процесот на испорака”, рече Ердоган.

Договорот за заедничко производство на ракети и размена на технологии  е од приоритетно значење за Анкара, додаде тој. “Ние продолжуваме да го следиме процесот на испорака на С-400,  во врска со нашиот договор постигнат во Душанбе. Исто така, сакам да истакнам дека заедничкото производство на ракети, вклучувајќи и размена на технологии, е од важност за нас, за нашата соработка”, истакна тој.

Првите извештаи за разговорите меѓу Русија и Турција за системи за противракетна одбрана С-400 се појавија во ноември 2016 година. Русија потврди дека Турција ги купила системите за ракетна одбрана С-400 во септември 2017 година. Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, изјави дека  С-400 системите ќе бидат распоредени во октомври 2019 година.

Loading...

Related posts

Leave a Comment