Македонија

Нестор Огинар – Зошто откако ги истурија боевите отрови на Криволак сега влегуваат преку Портата како симболични и вистински окупатори , а не убедуваат дека тие се носители на мирот и благосостојбата во нашата земја?!

 

 

МАКЕДОН И УМ

Отворено Писмо до Македонската Јавност

Симболизмот на една Порта

Кога во приквечерието на 5 Јули застанав пред тенковите на НАТО со голи митролезки цевки на влезот пред “ Порта Македонија” , јас не бев сам.
Со мене беа 82 проценти од македонскиот народ кој што на 30 Септември , 2018 година му рече громогласно “ НЕ “ , на НАТО, “ НЕ” на ЕУ, и “НЕ” на целата содржина на еден поразителен, нелегален, велепредавнички и геноциден договор познат под ноторното име
“Преспански Договор”!

Насилството и бруталноста со која полицијата и агентите на режимот на Зоран Заев се нафрлија врз мене го доживеав како едно задоцнето ехо на насилството и бруталноста со која тој ист режим ја силува слободно изразената воља на мнозинството гласачи во Македонија.Ја силува демократијата. Го силува уставот и Законот .
Ги силува сите институции на кои треба да им служи како чувар и исполнувач на вољата на народот!

И сега додека сеуште се опоравувам од телесните повреди што ми беа нанесени би сакал да им одговорам и на тие што соучествуват со мојот чин, како и на тие што ме критикуваат и напаѓаат.

Кога циниците и поддржувачите на режимот на Заев и воената организација НАТО прашуваат :

Што барал Нестор Огинар да застане пред тенковите каде што не му е местото?
Јас и тие што го оправдуваат мојот чин им одговарам:

А што бараат тенковите на НАТО да влегуваат на плоштадот” Македонија” преку “ Портата Македонија “ што симболизира победа на народот?!
Што бара една цела колона на воени возила со отворени боеви цевки на место каде што живеее, работи и се забавува цивилното население?!
Што бараат тенковите и оклопните возила со митролези да парадираат пред родители со мали деца, пред постари пензионери, пред народ што се забавува по отворените тераси на кафеаните на тоа исто место?!
Зошто тие симболи на војната, злото и смртта го загадуваат и физичкиот и духовниот простор со своето присатство, со своите отровни издувни гасови?!
Зошто тие исти воени возила на сејачот на војната и смртта низ целиот свет познат под името НАТО се воопшто присатни во Македонија каде што никогаш не треба да бидат?!

Зошто откако ги истурија боевите отрови на Криволак сега влегуваат преку Портата како симболични и вистински окупатори , а не убедуваат дека тие се носители на мирот и благосостојбата во нашата земја?!
Зошто, зошто еднаш засекогаш не си заминат од Македонија чиј што народ им вели” не ве сакаме, нам не ни треба војна и оружје, нам ни треба леб и мир”!

Моите телесни болки ќе поминат , но јас и ние македонскиот народ нема никогаш да престанеме да се бориме се додека од невинито лице на нашата Македонија не го избришеме срамот , понижувањето и злото што го донесе режимот на Заев во соучество со опозицијата и неговите белосветски господари во НАТО и ЕУ!

ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА !

Нашиот Дух останува Непоразен’

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!