Свет

Не марејќи за протестите, Германија воведе остри мерки на рестрикции низ целата територија

Берлин

Германските пратеници го усвоија предлогот на владата на канцеларката Ангела Меркел за воведување автоматски, еднообразни ограничувања во областите каде вирусот корона се шири пребрзо, објави „Еуроњуз“.

Полицијата претходно денес се судри со демонстрантите во Берлин, обидувајќи се да го растера протестот против мерките за блокада наметнати поради вирусот корона, додека парламентот го разгледуваше законот за повисоките овластувања на Владата во борбата против третиот бран на пандемијата.

Ангела Меркел го предложи законот откако некои провинции одбија да воведат остри мерки и покрај интензивирањето на епидемијата. Нејзината влада се најде на удар на критиките поради нејзиниот хаотичен однос кон пандемијата и блокадата и бавните мерки за вакцинација.

Полицијата претходно објави на „Твитер“ дека ќе ги разбие протестите затоа што повеќето од собраните не носеле маска и не држеле дистанца. Околу 2.200 полицајци се распоредени во центарот на Берлин.

Седум лица беа приведени откако ја нападнаа полицијата, која мораше да употреби бибер спреј  против другите демонстранти кои фрлаа шишиња кон припадниците на безбедносните сили и се обидоа да ги пробијат барикадите.

– Мир, слобода, не за диктатурата! – извикуваа демонстрантите, носејќи германски знамиња и транспаренти на кои пишуваше дека мерките за блокада ги поткопуваат вредностите загарантирани со Уставот.

Што и пружа новиот закон на владата?

Новиот закон и дозволува на владата да воведе полициски час помеѓу 22 и 5 часот наутро, но исто така и да ги ограничи приватните собири, спортските настани и отварање на продавниците. Училиштата ќе бидат затворени и ќе се воведат часови преку Интернет доколку инциденцијата на вирусот надмине 165 случаи на 100.000 жители.

Германија објави 24.884 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 3,19 милиони. Околу 80.634 лица починаа како резултат на инфекцијата, а лекарите предупредуваат дека доколку не бидат преземени соодветни мерки на одделот за интензивна нега, тие повеќе нема да можат да го прифаќаат пациентот.

Овој закон утре ќе биде претставен на горниот дом на парламентот во Бундесратот.

Loading...

Related posts

Leave a Comment