Свет

Николај Патрушев: Америка демократска земја? Демократските земји не се справуваат со уцени и закани кон другите суверени земји

Демократските земји не се справуваат со уцени и закани кон другите суверени земји, тие не се мешаат во нивните внатрешни работи. Тие не го кршат меѓународното право, не применуваат воена сила и економски санкции надвор од ООН – изјави Патрушев во интервју за весникот „Аргументи и факти“, очигледно алудирајќи на бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година, што се случи надвор од ООН , но и постојаното воведување нови санкции Русија.

Според него, демократиите исто така не ги загрозуваат човековите права и не ја ограничуваат слободата на говорот дома и во странство, тие не се обидуваат да користат расизам од секаков вид за решавање на внатрешни проблеми, ниту пак се обидуваат да ги користат екстремистите и терористите на нивна страна за некои геополитички цели.

Тие не дозволуваат транснационалните корпорации да се мешаат во работата на владата, наметнувајќи ги своите интереси на државата и општеството, како и да го блокираат легитимниот шеф на државата на социјалните мрежи, изјави тој, зборувајќи за забраната за профилот на Доналд Трамп на Твитер.

– Одлучете сами дали Америка денес може да се нарече демократија – рече Патрушев, пренесува Спутник.

Тој исто така додаде вклучувањето на  фондот на Џорџ Сорос, познат спонзор на т.н. обоени револуции, во уличните немири во Америка, по убиството на Џорџ Флојд, не е случајно.

Тој додава дека верува дека не е далеку времето кога Западот ќе воведе санкции, па дури и ќе изврши воени напади врз суверени земји врз основа на препораките од извештајот на невладината организација.

Нешто слично веќе е видено во Сирија, рече тој, каде бомбардирањето беше извршено по извештајот на Белите шлемови.

– Да не се дозволи такво беззаконие – тоа е главната задача на суверените држави денес, кои не се подготвени да живеат според правилата наметнати однадвор – посочи тој.

Патрушев исто така рече дека Русија нема причина да ги минира темелите на американската државност.

На прашањето како гледа на една од главните забелешки на Вашингтон дека Русија наводно ја поткопува американската демократија, Патрушев одговори:

“Ние немаме причина да го правиме тоа. Тоа е она што го прават американските елити”.

Related posts

Leave a Comment