Тенис

НОВАК ЃОКОВИЌ : СВЕТОТ ГО УПРАВУВА ЕЛИТА КОЈА САКА СИТЕ СЛЕПО ДА ЈА СЛУШААТ!

Tennis: Novak Djokovic donates £900,000 to help fight coronavirus ...

Во подкаст на платформата Sportklub, најдобриот тенисер на светот го искажа своето мислење за некои социјални теми

На дневна основа, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ , претежно за српските медиуми, дава различни изјави што честопати немаат никаква врска со самиот спорт. Тој зборуваше за вакцината против коронавирус и сè почесто може да се чуе јавно презентирање на други теории на заговор, односно неговите мислења за теми од таа област.

Ѓоковиќ беше гостин на подкаст на платформата Sportklub , каде што зборуваше токму за својата одговорност која ја носи кога јавно дискутира за сè.

– Ја немаат многу спортисти таа привилегирана позиција. Јас ја заработив со моите успеси и благодарен сум за тоа. Таа е една од причините зошто сè уште играм професионален спорт “, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ потенцираше дека не сака да биде на маргините кога станува збор за справување со социјалните прашања и открива за кои вредности се залага.

– Во мојата кариера имав можност да запознавам секакви луѓе, работи и теми, кои беа контроверзни. Луѓето секогаш се повикуваат на одговорност затоа што мора да бидете свесни колку секој дел од информациите што ги споделувате оддекнуваат, колку далеку се слушаат и колку луѓето ги апсорбираат. Не велам дека сум безгрешен во тоа. Сигурно кажувам неколку работи за кои подоцна размислувам дали требало да биде така Јас сум човек и немам проблем да кажам дека не сум во право. Но, не можам да бидам робот и да бидам затворен во некоја школка или меур цел живот. Јас едноставно не сум таков човек. Не гледам надолу, ниту пак критикувам некој што сака да биде на маргините и да не се занимава со какви било социјални проблеми. Но, јас сум личност која сака да потенцирам одредени работи затоа што имам одредено влијание во општеството и сакам да споделам нешто што преку моето искуство може да биде корисно за некого, а за некои можеби не. Сега, кога луѓето ќе ги апсорбираат и усвојат, не можам да влијаам во голема мера – вели Ѓоковиќ и продолжува:

– Некои групи луѓе, елита, владетели, наречете ги како сакате, сакаат одредени работи да бидат на одреден начин и никој да не каже ништо и само да се слушаат заповедите на оние кој што се на врвот. Едноставно јас не чувствувам дека тоа е исправно и демократски. Ако верувам дека нешто е правилно и во согласност со Божјите заповеди, со животните принципи и вистинските вредности, тогаш апсолутно го поддржувам. Ја поддржувам борбата за правата на луѓето на еднаквост, почит, фер игра, коректност во животот, почитување … Ова се вредностите за кои се залагам и со кои се согласувам – рече Ѓоковиќ.

Loading...

Related posts

Leave a Comment