Свет

Нова политичка бомба во Австралија, поранешниот премиер ги злоупотребил овластувањата

Prime Minister Anthony Albanese to consider Ukrainian President Volodymyr  Zelenskyy's invitation to visit Kyiv - ABC News

Денес актуелниот Премиер на Австралија Антони Албанези во јавноста откри дека поранешниот Премиер на Австралија Скот Морисон, бил тајно поставен на пет додатни портофеља додека бил лидер на земјата.

Албанези изјави дека би поздравил закон/и кој ќе овозможи известување на јавноста кога еден министер ќе даде заклетва за одговорност на портофељот со цел да се спречи ова нешто во иднина. Покрај неговата должност како прв министер на Австралија. поранешниот прв министер Морисон самиот си се поставил за Министер за Здравство на 14 март 2020 г., Министер за финансии и резурси на 30 март 2020 г., Министер за Внатрешни прашања на 6 мај 2021 г., Министер за федералната благајна на 6 мај 2021 г., Министер за индустрија и науки на 15 април 2021 година.

Овие постапки тој ги направил без да ја извести австралиската јавност и властите и другите министерства. Постоечките Министри за овие портофеља се одградуваат од оваа постапка на Морисон и трврдат дека ова нешто предходно не го знаеле.

Интересно што овој чин бил одобрен со благослов од Гувернерот на Австралија. Од стручњаци по уставно право се дознава дека, можеби бившиот Прв Министер Морисон со самото самопоставување како Министер на други портофеља кои веќе имаат Министри за истите не го прекршил Уставот на Австралија, додека други тврдат обратно.

Морисон попладнево издаде извинување за неговото необјавување на тоа што превзел други портофељи, тврдејќи дека тоа било неопходно поради пандемијата. Преостанува да видиме што ќе се случи во наредните неколку денови и дали Морисон ќе биде повикан за одговорност како дел од истрага која е започната по наредба на актуелниот Прајм Министер Албанези.

Пишува Силвана Павловска, академски журналист – Мелбурн Австралија

 

Нема опис за фотографијата.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!