Свет

НОВИНАР НА ЊУЈОРК ТАЈМС УБИЕН ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ

КИЕВ – Новинарот на весникот „Њујорк тајмс“ Брент Рено е убиен, а уште еден новинар е ранет во близина на Киев, соопшти денеска шефот на регионалната полиција, пренесуваат светските медиуми,.

51-годишниот наградуван новинар бил убиен кога руските сили отвориле оган врз автомобил во местото Романовск во близина на Ирпин, објави британскиот весник „Гардијан“.

Русите велат дека воопшто нивните сили не се присутни на таа локација и бидејќи бил застрелан во главата, веруваат дека бил убиен од украинската војска, заменувајќи го со руски агент и саботер.

Новинарот кој во тој момент бил со него бил пренесен во болница по нападот.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!