Македонија

Нови 30 случаи на заразени со коронавирусот, бројката се искачи на 384 лица

Нови 30 случаи на заразени со коронавирусот, бројката се искачи на 384 лица

Во изминатите 24 часа во државава се регистрирани нови 30 случаи на заразени со коронавирусот, односно по градови, 12 случаи има во Скопје, девет во Прилеп, осум во Куманово и еден случај во Крива Паланка, соопштија денеска од Министерството за здравство (МЗ). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во државава се искачи на 384 лица.

„Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, од кои: преку Институтот за јавно здравје – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100. Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19“, додаваат од МЗ.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје каде има 195 случаи, 62 во Куманово, 47 во Дебар, 21 во Прилеп, 15 во Штип, 13 во Тетово, девет во Струга, шест во Велес, четири во Битола, три во Охрид, по два во Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка, и по еден случај во  Гостивар, Струмица и Кочани.

На 11 март, Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирусот, а досега на светско ниво се регистрирани над 950.000 случаи на заразени со коронавирусот.

Loading...

Related posts

Leave a Comment