Свет

Нов кикс на сенилниот Бајден: Ја нарече Мишел Обама потпретседателка (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден ја нарече Мишел Обама потпретседателка.

Бајден ова го изјави за време на говорот на церемонијата на пуштање во употреба на новата нуклеарна подморница.

За време на својот говор, Бајден почна да и кажува зборови на благодарност на неговата сопруга Џил.

„Горд сум на работата за помагање на ветераните што започна со Мишел Обама кога беше нејзина потпретседателка и продолжува до ден-денес“, рече Бајден.

Мишел Обама беше првата дама на САД во тоа време, а сегашниот 79-годишен претседател беше потпретседател на Барак Обама, пишува Раша тудеј.

Интернет корисниците почнаа да се шегуваат на оваа тема по уште еден неуспех на американскиот лидер.

„Па, кој беше тогаш? Жената на Барак? прашаа корисниците.

Руските медиуми наведуваат и дека за време на истата церемонија на отворање на нуклеарната подморница, Бајден заспал на нозе за време на воениот поздрав.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!