Свет

Нов удар врз Трамп, овој пат преку неговиот поранешен адвокат: Руди Џулијани лажеше

EPA-EFE / JIM LO SCALZO

Њујорк – Американскиот апелационен суд во Вашингтон го суспендираше Руди Џулијани, поранешниот адвокат на Доналд Трамп, од неговата правничка пракса.

Таквата одлука уследи откако беше утврдено дека тој лажел во врска со претседателските избори во 2020 година.

Апелациониот суд на округот Колумбија пред две недели издаде налог, со кој се бара суспензија на лиценцата за Џулијани, откако Џулијани тврдеше дека претседателските избори биле наместени и украдени од Доналд Трамп, пишува Ројтерс.

Апелационото одделение на Њујорк, повикувајќи се на бунтот на приврзаниците на Трамп во американскиот Капитол на 6 јануари, објави дека лажното тврдење на Џулијани го загрозило јавниот интерес и ја нарушила довербата на јавноста во изборниот процес.

По пресудата, Џулијани рече дека ќе се појави на суд и ќе се бори против суспензијата во Њујорк.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!