Тенис

Ноле повторно кај Босанските Пирамиди: Полнење на батериите пред Роланд Гарос

JA SAM BOŽANSKO BIĆE" Novak progovorio o energetskim ČVORIŠTIMA,  koncentričnim krugovima, Bogu... | Najnovije vesti - Srbija danas

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ неочекувано го заврши учеството на „Србија опен“ во полуфиналето, а потоа се откажа од одбрана на титулата на Мастерсот во Мадрид, а пред целосно да му се посвети на Ролан Гарос – тој побара „полнење на батериите “во Босна и Херцеговина.

Имено, Ноле реши да ги посети познатите „босански пирамиди“ во Високо, што неодамна го објави првиот човек на фондацијата „Археолошки парк – босанска пирамида на сонцето“, Семир Османагиќ.

Локалниот портал Кликс.ба истакнува дека Ѓоковиќ најпрво пристигнал во Сараево со приватен авион, а потоа во придружба на полицијата отишол во „повеќедневна посета“ на споменатиот локалитет.

Тој е за прв пат во Босна по октомври минатата година, кога, по престојот во Археолошкиот парк, тој истакна дека „се чувствува препороден“ и дека ја полни својата енергија за следните спортски предизвици.

Како што истакнува Кликс.ба, Ноле, кој досега доаѓаше само со сопругата во Високо, сега на ова патување пристигна со своите деца, синот Стефан и ќерката Тара.

Овој пат, Ѓоковиќ со себе ја понесе капата што секогаш ја носи Семир Османагиќ, но и чизмите, кои веднаш ги обу откако излезе од автомобилот, имајќи предвид дека го чекаше долга прошетка.

Споменатиот портал објави и кратко видео од доаѓањето на Ѓоковиќ …

Досега Ѓоковиќ беше двапати во Високо. За прв пат на 15 јули, по коронавирусот, со неговите родители. Вториот пат тоа се случи во средината на октомври, ден по финалето на Ролан Гарос во кое загуби од Рафаел Надал.

Сега, Новак го очекуваат нови тениски искушенија, па реши во пресрет на нив – повторно да ги посети „босанските пирамиди“.

Loading...

Related posts

Leave a Comment