Европа

Норвешка ја подигна воената готовност како одговор на војната во Украина

 

Норвешка подигна воена готовност како одговор на војната во Украина
Норвешка од вторник ќе ја стави својата војска во состојба на готовност бидејќи ја зајакнува безбедноста како одговор на војната во Украина, изјави во понеделникот премиерот на оваа нордиска земја.

Норвешка сега е најголемиот извозник на природен гас во Европската унија, со околу една четвртина од вкупниот увоз на ЕУ по падот на руските текови.

– Ова е најтешката безбедносна ситуација во последните неколку децении – рече премиерот Јонас Гар Шторе на прес-конференција.

– Нема индикации дека Русија го проширува своето војување во други земји, но зголемените тензии не прават поизложени на закани, разузнавачки операции и кампањи за влијание – рече тој.

Вооружените сили ќе трошат помалку време на обука и повеќе на оперативни задачи, а домашната стража, сили за брза мобилизација, ќе има поактивна улога, рече министерот за одбрана Бјорн Арилд Грам.

Воздухопловните сили ја прекинаа обуката во САД со своите борбени авиони Ф35, претпочитајќи да ги задржат во Норвешка, изјави шефот на вооружените сили, генерал Еирик Кристоферсен.

Related posts

Leave a Comment