Свет

ОБАМАГЕЈТ : Можно ли е Трамп да ги одведе Обама и Бајден на суд за обид за пуч?

 

2020 election: Joe Biden is running as Obama's heir. The problem ...

Одлуката на американскиот јавен обвинител да стави крај на гонењето на поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, генерал Мајкл Флин, е повеќе од победа на неговата администрација над политичките противници и уште еден доказ дека целата „истрага за руски заговор“ е една од големите лаги.

Можеби е уште поважно, што новото раководство на американските структури на власта ги отвори архивите на своите претходници, од кои јасно произлегуваат неколку непријатни заклучоци за оние кои веруваат во американските безбедносни сили и правосудниот систем.

Прво, се покажа дека ФБИ и сите организатори на истрагата за „рускиот заговор“ на (Трамп) уште од самиот почеток знаеле дека нема заговор и дека удираат на апсолутно невино лице само за да можат да ја продолжат истрагата против администрацијата на Трамп.

Второ, излегува дека Барак Обама и Џо Бајден, како и други од тогашната претседателска администрација во заминување, биле информирани за целата игра и дека ја поддржале незаконската истрага со цел да спречат Трамп да биде легално избран.

Може да се претпостави дека истрагата за „рускиот заговор“ ќе заврши со фијаско на Бајден на претседателските избори, а доколку тој и Обама не бидат доволно среќни – и двајцата би можеле да завршат во затвор заедно со целиот пантеон на американските шпионски и контраразузнавачки структури.

Тоа беше обид за пуч, кој беше изведен под изговор да осуети „руски агент“ да влезе во Белата куќа (а организаторите сигурно знаеле дека тој не е агент). Ова ќе биде дополнителна отежнувачка околност за високите официјални претставници за безбедност на САД.

Британскиот весник „Тајмс“ не го свртува туку така вниманието на фактот дека Трамп очигледно не е подготвен да се задоволи само со ослободувањето на генералот Флин.

Сега истрагата може да биде пренасочена кон безбедносните сили на Обама. Во финишот на американската претседателска кампања.

Трамп веќе го објави клучното обвинување преку Твитер, посочувајќи дека Обама и Бајден биле вмешани во пресметан заговор за соборување на неговата администрација.

Претходно, истрагата на Министерството за правда дојде до заклучок дека агентите на ФБИ го малтретирале Флин „без никаква легитимна истражна основа“.

Американските медиуми пишуваат дека поранешниот специјален обвинител Роберт Махлер отишол толку далеку што му се заканил на Флин дека тој и неговиот син ќе бидат доведени до финансиско уништување.

Постојат индикации дека Барак Обама веројатно лично учествувал во заговорот.

Можно е самиот Обама, неговата придружба и претставниците на длабоката држава во рамките на американските безбедносни сили заедно да подготвиле план за пуч, заедно ги ставиле под илегален надзор своите политички противници, односно изборниот штаб на Трамп и неговите советници и дека заедно настојувале да го спречат да ја превземе функцијата претседателс на САД

Ова ги потврдува сомневањата на Трамп дека Обама ги користел безбедносните сили за да ја следи и саботира неговата предизборна кампања.

Сè на сè, ако тоа го диктира развојот на политичката ситуација, Обама, Бајден и целокупното раководство на американските тајни агенции можат да бидат изведени пред лицето на правдата. Барем да сведочат по повод „обидот за пуч“.

Самиот „пуч“ може да стане една од главните теми на изборната кампања во САД.

Демократската партија можеби нема да се опорави од овој скандал во тековниот изборен циклус.

Loading...

Related posts

Leave a Comment