Свет

Обединетите Арапски Емирати извршија напад врз турски воени цели во Либија. На повидок е војна?

Обединетите Арапски Емирати извршија напад врз турски воени цели во Либија. Судејќи според се започна големата игра во Северна Африка. На едната страна се Обединетите Арапски Емирати, Египет, Јордан, Саудиска Арабија, Франција, Русија, Грција и Израел кои што ја поддржуваат Либиската Национална Армија и Маршалот Хафтар во неговиот обид да ја освои власта во Триполи, а од другата страна се Турција, Катар, Италија, Тунис и Алжир кои што ја поддржуваат Владата на Национална Согласност на Либија и нејзините сили.

Како резултат на зголеменото турско присуство во Либија ноќта на 4-ти наспроти 5-ти јули група на многуфункционални ловци од типот Dassault Mirage 2000-9 на военото воздухоплоство на Обединетите Арапски Емирати по претходно извршено разузнавање и идентификување на воените цели извршија девет воздушни напади врз воениот аеродром Ал Ватија во Либија,

каде што се стационирани и разместени турски воени единици и воени системи. Информациите говорат за серија експлозии и пожари, кои што се знак дека нападите се успешни и дека поставените цели се уништени. Пред неколку дена Турција на истиот аеродром размести 2 ПВО системи од типот MIM-23 Hawk како и радио-локационите системи KORAL кои што најверојатно се уништени при воздушниот напад. Според неофицијални информации уништени се 2 радара, 1 систем MIM-23 Hawk, систем KORAL, возила и останата техника и убиени се еден турски официр со висок чин, како и 4 официри со пониски чинови. Официјален Триполи и Анкара веќе го потврдија нападот. Турција е во план да отвори 2 воени бази во Либија, едната во Мисрата, а едната на воената база Ал Ватија која што беше цел на воздушните напади.

Иако Либиската Национална Армија и Хафтар ја превзедоа одговорноста за нападот над воената база Ал Ватија, факт е дека нападот е извршен од страна на ОАЕ. Либиската Национална Армија не располага со модерни борбени авиони кои што се способни на таков хируршки и софистициран напад, за кој што е потребна претходно специјална подготовка и разузнавање.

Воената авијација на ОАЕ за извршување на воздушниот напад ја искористи египетската воена база и аеродром Сиди Барани, која што е во близина на Либија. Истиот аеродром ОАЕ го користи како воздушен мост за снабдување на армијата на Хафтар со оружје и техника.

Истовремено на истиот аеродром Египет распореди додатни свои авиони и техника, и долж границата со Либија ја распореди својата армија, се со цел поддршка на армијата на Хафтар во Либија, и да не дозволи воена победа на Турција во Либија, и нејзино зацврстување во Северна Африка. Судејќи според се ОАЕ и Египет го зголемија влогот во Либија и се спремни да одат до крај, за што говори и неодамнешната изјава на претседателот на Египет, Сиси, кој што изјави дека присуството на Турција во Либија е нелигитимно, и дека Египет нема да дозволи појавување и зацврстување на Турција во Либија и во Северна Африка. На потег се Турција и Катар. Анкара изјави дека одговорот ќе биде во соодветно време и на соодветно место. Но факт е дека во Либија и во војната на изморување, Турција и Катар и нивните сојузници немаат шанса да одржат воена победа над Египет и ОАЕ и нивните сојузници.

Дарко Тодоровски

Loading...

Related posts

Leave a Comment