Свет

Објавена е видео порака од платеникот Еслин заробен во Донбас до британскиот премиер

Објавена е видео порака од платеникот Ејден Еслин, заробен во Донбас, до британскиот премиер Борис Џонсон со повик да го разменат за Виктор Медведчук, притворен во Украина.

„Борис Џонсон, доколку го гледате ова видео, ви се обраќам лично и во име на Шон Пинер. Ако навистина се грижите за нашите животи и за животот на Виктор Медведчук, тогаш ќе ја направите вистинската работа и ќе помогнете да не размените за Виктор за тој слободно да се врати кај своето семејство, а ние кај нашите семејства“, рече тој.

Еслин, исто така, го повика Џонсон да направи се што е потребно за да го убеди украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја направи вистинската работа во врска со размената на Медведчук.

Откако на Еслин му беше покажан апелот на сопругата на Медведчук, Оксана Марченко до Џонсон, тој изрази мислење дека британскиот премиер треба да го послуша тоа.

Претходно , Марченко објави видео порака до роднините на двајцата заробени британски платеници со повик да побараат од британскиот премиер да влијае на Киев и да ги размени за нејзиниот сопруг.

http://

 

Related posts

Leave a Comment