Македонија

Објавени резултатите од ФАЛСИФИКУВАНИОТ Попис!

Попис меѓу стегите на политиката и барањата за реална операција за пребројување

Објавени резултатите од фалсификуваниот попис. Тој е спроведен и поред фактот дека стотици илјади граѓани одбија да се потпишат.Ваквиот анти државен чин е основ за кривично гонење на спроведувачите на истиот.

 

Малверзациите направени со лицата кои не живеат во Македонија и можноста нивни роднини место нив да ги внесат во попишаните, е класичен конструкт со цел федерализација на Македонија.

Еве ги резултатите од овој монструозен антиуставен и антидржавен чин.

Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.

Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.
Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои надвор од државата повеќе од 12 месеци и странци кои се во земјава помалку од 12 месеци, 24,45 отсто рекле дека се Македонци, а 66,36 Албанци, 4,79 се изјасниле како Турци, 1,02 Роми 0,19 Власи, а 0,35 Срби.
Од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

 

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!