Свет

ОВА Е БОРБА ПРОТИВ СИЛИТЕ НА ЗЛОТО ВО АМЕРИКА : Оскаровецот Џон Војт предизвика бура, тврди дека изборите во САД се војна против сатаната (ВИДЕО)

ОВА Е БОРБА ПРОТИВ СИЛИТЕ НА ЗЛОТО ВО АМЕРИКА: Оскаровецот Vон Војт предизвика бура, тврди дека изборите во САД се војна против сатаната (ВИДЕО)

Оскаровецот Џон Војт предизвика бура на Интернет откако објави кратко видео во кое вели дека американските претседателски избори се измама и како движечка сила го наведе „злобниот сојуз на левицата со сатаната“.

Таткото на Анџелина Џоли истакна дека е „згрозен од оваа лага дека е избран Џо Бајден“, осврнувајќи се на наводната победа на демократите против Доналд Трамп, која Трамп ја оспорува.

– Доаѓа време на наплата – Војт ги уверува гледачите и предупредува – Оние кои сега скокаат од радост, скокаат кон хоророт во кој ќе бидат за скоро

Актерот ги нарече обидите на Трамп да докаже масовна измама и изборна победа „битка на правдата против сатаната“.

Директната споредба на Војт со неговите политички противници со библиските сили на злото брзо стана вирална, а многумина го исмеаја неговиот говор како теорија на заговор. Други сметаат дека неговата ментална состојба е сомнителна, додека други се воодушевени и изјавуваат дека и самите го сметаат Бајден за ѓавол.

Loading...

Related posts

Leave a Comment