ФБ Статуси

ОГНЕН ЈАНЕСКИ : Чекорот што го презеде Владата преку објавување на приватна преписка на генералниот секретар на оваа институција со лидерот на опозицијата е срам за Владата

По повод објавувањето на преписката помеѓу генералниот секретар на владата Рашковски и лидерот на најголемата опозициона партија Христијан Мицкоски, со свој коментар на фб се јавви новинарот на ТВ 24, Огнен Јанески.

Чекорот што го презеде Владата преку објавување на приватна преписка на генералниот секретар на оваа институција со лидерот на опозицијата е срам за Владата, па уште и објавување на официјален сервис кој го плаќаат граѓаните преку даноците, особено што во преписката е прашан, а Мицкоски не дава дозвола за тоа никаде. Но, и да дал, местото за објавување вакви работи не е официјалната веб-страница на Владата.
Патем, настрана нивниот разговор кој е на ниво на ботови од спротивставени политички страни, да трошиш ресурси кои се одржуваат од даноци кои ги плаќа државата (читај: ние – граѓаните), доведува до прашање како во вакви услови на пандемија, високи државни функционери го трошат времето на дилетантизам па и за тоа го известуваат граѓанството.

Пред да биде објавено ова, некој во Владата требало да се запраша, како е тоа од највисок државен интерес за граѓаните, што мора да биде објавено на веб-страницата на Владата на РСМ?

За ова си има фина народна: ,,Си немал Ѓаволот работа…”, напиша Јанески на својот фб профил.

Loading...

Related posts

Leave a Comment