Свет

Одбројување до катастрофата во нуклеарната централа „Запорожје“.

Енергетскиот објект повторно гранатиран, остана без струја, а генераторите имаат гориво за 15 дена
 

Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев вчера изјави дека украинските сили продолжуваат со гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје и покрај посетата на делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

„Украинските неонацистички сили продолжуваат да го гранатираат СИ ‘Запорожје’ користејќи оружје добиено од Запад, што може да предизвика глобална катастрофа. „За жал, посетата на делегацијата на МААЕ не доведе до крај на нападите и меѓународната осуда на режимот во Киев“, тврди Патрушев.

Тој ги упати овие обвинувања против Киев на состанокот на шефовите за безбедност на Комонвелтот на независни држави (ЗНД), пренесува Тасс. Тој рече и дека руските сили спречиле терористички напад на северниот дел на „Запорожје“.

Добивме информација дека нашите специјални служби спречиле терористички напад на нуклеарната централа Запорожје“, рече Патрушев.

Секретарот на рускиот Совет за безбедност исто така изнесе тврдења дека Украина подготвува „валкана бомба“ со поддршка на Западот и дека безбедносната ситуација може да излезе од контрола доколку Киев не се воздржи од намерата да го употреби ова опасно оружје.

„Според достапните податоци, Украина работи на создавање „валкано“ нуклеарно оружје. Сметаме дека овој процес се одвива со учество на западни патрони. Затоа изразуваме многу сериозна загриженост. Тоа е опасна ситуација, која се заканува да се претвори во глобална катастрофа доколку не се спречи“, заклучи секретарот на рускиот Совет за безбедност.

 

Related posts

Leave a Comment