Свет

Одложена парадата по повод Денот на победата во Русија

МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин ја одложи парадата на 9 мај по повод Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што пренесува ТАСС, Песков рекол дека 9 мај е свет ден за Путин и дека веројатно му било тешко да донесе таква одлука, но дека здравјето на граѓаните за претседателот е на прво место.

Портпаролот изрази уверување дека и покрај ваквата одлука, сите руски граѓани ќе ја прослават 75 годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.Парадата и маршот на Денот на победата „Бесмртниот полк на преживеаните ветерани и потомци на припадниците на Црвената армија од Втората светска војна, која во Русија ја нарекуваат Голема татковска војна, ќе се случи веднаш штом тоа ќе го дозволи епидемиолошката состојба во земјата“, додава ТАСС.

Loading...

Related posts

Leave a Comment