Колумни

ОД ЗАПАД НЕ ДОАЃА НИШТО НОВО – Колумна на Мишко Ливрински

Фактички со признанието на бившиот шеф на ЦИА Стивен Мајер мене ми ја потврдува тезата дека сите дејствија кои од 1992 година па се до денес кои се водат на балканот  водат кон окрупнување на одредени држави Албанија, Србија, Хрватска, ако не и Бугарија. Поради тоа се притиска за создавање на Балканска унија

Насловот на текстот ме инспирираше од романот на Ерик Марија Ремарк „ На запад ништо ново“. Па јас така мојот нов текст го крстив како „ Од запад не доаѓа ништо ново.“ И навистина е така ако се земе во обзир  интервјуто на поранешниот шеф на ЦИА Стивен Мајер дадено за српски телеграф.

Бившиот шеф на ЦИА да ти го имал кристално јасно решението за тешко решливава ситуација на балканов. Решението за балакнов не било некое магичнот стапче, ниту НАТО, ниту ЕУ туку нова размена на територии помеѓу големите балкански грабливци за сметка на малите ситни балкански риби. Според решението Србија треба да го остапи Косово и Прешево на Албанците, а за возрат Србија да добие дел од Босна ( односно Република Српска) и дел од Македонија. Крајна цел според решението на ЦИА би било создавање на две големи држави Албанија и Србија. Албанија во чиј состав би влегле  покрај Косово, Прешево, Западна Македонија, дел од Црна гора и Грција. Србија во кои покрај Република Српска би влегла и пола Македонија.  Тука има и уште една работа смалена Црна гора не би била во можност да опстои, на тој начин би била приморана да се соедини со Србија, исто така и остатокот од БиХ не би можел да опстои и таа би била приморана да се соедини со Хрватска. Сума сумару трите држави Албанија, Србија и Хрватска значително да си ја прошират својата територија  и на тој начин Брисел да си го реши проблемот кој самиот си го создаде од распадот на СФРЈ па наваму.
Во интервјуто Стивен Мајер констатира дека „ Босна и Херцеговина не функционира како држава,  Косово е во хаос и тешкотија и дека Македонија има значајни проблеми.“ Колку само да се потсетиме кривец за тоа што овие држави се во ваква ситуација во која денеска се наоѓат е крива токму американската и европската политика. Уште во ехот на распадот на СФРЈ во текот на војните нивните креатори и менаџери на тие исти конфликти создадоа апла договори кои ги донесоа државите токму во ова ситуација  во која денес овие држави се наоѓат, а кои не мрдат ни лево ниту десно, ниту пак имат развој и погрес, ниту пак ги решија внатрешните меѓунационални проблеми, туку напротив внатре создадоа парадржави, гета, ентитети и кантончиња. Земете ја Босна и Херцеговина  од кога им ја поделија внатре државата, секој да си има свое парче земја не дека повеќе ги зближија Бошњаците, Србите, Хрватите и изградија мултиетничка држава, туку напротив со таквата нејзина поставеност уште повеќе ги раздвоија народите. Слична ситуација се случи и се случува и во Македонија со потпишувањето на рамковниот договор. Меѓународните договори Дејтонскиот, Кумановскиот и Охридскиот договор многупати како и до сега сме констатирале нема за цел од овие држави да направат стабилни и нормални држави, туку благодарение на тие договори овие држави се во состојбата во која денес тие се наоѓаат, а тоа е кон нивен целосен крах и распад. Така ако Стивен Мајер бара виновник за ситуацијава во која е денес балканов и набројаните земји треба да му се каже  дека неговата американска политика во која и тој беше нејзин дел како шеф на ЦИА зедно со нејзините европски партнери се токму тие кои се виновниците.
Бившиот шеф на ЦИА по прашањето за Македонија вели дека предлагал Македонија да остане во некаква федерација со Србија. И ова не е ништо ново од страна на западот. Во екот на распадот на Југославија кога прогласивме независност нашите политичари започна преговори за спас на Југославија со планот Глигоров-Изетбеговиќ во кои беше предвидено Југославија да опстои како федерација со Србија, Црна гора, Босна и Херцеговина, Македонија. Проценката на Брисел и ЦИА на почетокот од распадот на СФРЈ дека ако дојде до распад на Југославија само како независни држави  ќе произлезат Словенија и Хрватска, Македонија како и БиХ не беа планирани за независни држави. Во 1992 година со лисабонската декларација Македонија беше опомената дека ако сака признание да си го смени името и во новото име да не го содржи зборот Македонија, а БиХ за да добие признание треба територијално да се преудреди.  Во истата година се одржа лондонската конференција  со кои започна процесот за барање Македонија да си го смени името, на истата конференција Европа беше спремна да ја признае поделбата на БиХ помеѓу Србија и Хрватска. На таа конференција косовските албаници излегоа со барање за Република Косово во чиј состав би влегла и западна Македонија.
Во 1995 година е потпишан Дејтонскиот мировен договор  со кои БиХ е поделена на етнички принципи. Тогаш Ричард Холбрук и Карл Билт не убедува  дека тоа го барале новите факти на теренот, се разбира новите факти на теренот ги произведе западот. Од 1992 година па се до потпишувањето на Дејтон постоеа два мировни плана Кутлеров и Венс-Овенов мировен план и со двата плана беше предвидено БиХ внатре етнички да биде поделена. Станува јасно дека поделбата на БиХ на етнички принципи била направена во согласност со западот. Во 1996 година Фондацијата Карнеги и Аспен излегува со своите анализи за невозможни држави во кои е оценето дека за траен мир на балканот е најдобро Македонија и Босна и Херцеговина како вишок држави на балканот да се поделата помеѓу големите играчи.
Во периодот 1998-2000 година повторно се произведуват нови факти на теренот со истиот ментор Ричар Холбурк. На ред дојде Србија со Косово! па со рамбуевско-кумановскиот договор со отцепување на еден дел од Србија се обидоа да произведат нова држава Косово за кои сме сведоции дека неможе да функционира како држава, туку како лабараторија за хероин и како перална за парии.
Во 2001 година повторно се произведуват нови факти на теренот со кои ја раскурца Македонија со рамковниот договор со кои од држава на македонскиот народ и малцинства кои живеат во неа добивем држава со племенско уредување. Започна процес на етнизација и гетонизација  на Македонија кои продолжи со територијалната поделба од 2004 година и денес се завршува со воведување на двојазичноста.
Сите претходно набројани крупни акции ги изведе западната Дипломатија, така да ако треба да бараме виновник за ситуација во која денеска се наоѓа балканот треба токму да ја бараме во западната дипломатија и политика. Сега станува јасно дека се што се случуваше на балканот од Распадот на СФРЈ па до дене денес не било случајно, туку преку тие дејствија требало да се дојде до денешнава ситуација во која се наоѓа балканот.
Фактички со признанието на бившиот шеф на ЦИА Стивен Мајер мене ми ја потврдува тезата дека сите дејствија кои од 1992 година па се до денес кои се водат на балканот  водат кон окрупнување на одредени држави Албанија, Србија, Хрватска, ако не и Бугарија. Поради тоа се притиска за создавање на Балканска унија како и создавањето на западен балкан води токму кон таа работа останува уште да видиме дали овој злокобен цијашки план кореспондира со ин тересите на останатите големи сили во прв ред Русија и Кина.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!