Соопштенија

ОД НАС ЗА НАС: ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ

ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ

Почитувани,

Во услови кога се соочуваме со присилни мерки „за заштита на здравјето на граѓаните“ под закрила на пандемија базирана на тестови кои не служат за дијагностицирање на било кој вирус и кога под истиот изговор за здравјето, се подготвуваат мерки за засолжително носење маска секогаш и секаде, како и противуставни мерки за овозможување на полицијата да ни влегува во домот без судски налог, само врз основа на дојава,

НИЕ, НАРОДОТ НА ОВАА ДРЖАВА, преземаме конкретни чекори. Еден од нив е потпишување на ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ (https://bit.ly/3ebsm6l). Овој документ ќе биде проследен до надлежните институции заедно со изјавите (ПРИЛОГ 2).

ПРИЛОГ 1 – РЕЦЕНЗИРАНА НАУЧНА ЛИТЕРАТУРА ЗА ШТЕТНИТЕ ЕФЕКТИ ОД НОСЕЊЕ МАСКА (https://bit.ly/2G1ljjL) Ова е прилог документ како дообјаснување на петицијата.

ПРИЛОГ 2 – ИЗЈАВА ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКИ (https://bit.ly/2G1ljjL) . Ова го принтате, пополнувате и го испраќате на адреса:

Адвокат Љупка Еленова, Антон Панов бр. 22 (Водно)
Или директно во сандаче на истата адреса.

Сите инструкции се запишани во документот ПЕТИЦИЈА кој го проследуваме и во продолжение.

ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ

Една од анти-корона мерките кои ги наложува Владата на предлог на Комисијата за заразни болести е задолжително носење маска, за сега во определени услови, со најава за можно воведување на задолжително носење маска постојано и секаде, со што на ваков начин делумните ПРЕПОРАКИ од СЗО ги претвора во казнива мерка со сила на закон.

Родителите и децата имаат полно право да ја одбијат или прифатат препораката за носење маски, затоа што, како што наведува Светската Здравствена Организација (СЗО) во Упатството од 5.6.2020 година : „Во моментов, широко распространетата употреба на маски од здрави луѓе во заедницата, сè уште не е поддржана од висококвалитетни или директни научни докази и има потенцијални придобивки и штети што треба да се земат предвид“. Понатаму, како што е наведено во упатството на СЗО, „Ако маските бидат препорачани за општата популација, носителот на одлуката треба“, меѓу другото „да продолжи со собирање научни податоци и докази за ефективноста на употребата на маски“ и „да го процени влијанието (позитивно, неутрално или негативно) од користењето маски во општата популација“.

Оттука, самото упатство на СЗО јасно укажува дека наметнувањето обврска за сите граѓани да носат маска, без индивидуална процена на ризик, претставува присила под закана, за учество во експеримент на основа на кој треба да се констатира дали носењето маска е навистина корисно за спречување на ширењето на вирусот, а притоа СЗО не негира дека резултатот од таквиот експеримент може да биде негативен.

Препораката на СЗО, која е прифатена САМО парцијално и на тој начин наложена како задолжителна мерка од страна на носителот на одлука – без примена на ризично базирана анализа, може да има катастрофални граѓански, социјални и медицински последици, во зависност од обемот и структурата на популација на која се применува поради штетните ефекти од носењето маска.

Притоа, особено треба да се земе предвид дека, како што е наведено во Упатството на СЗО, ПРЕПОРАКАТА е ажурирана, односно променета во однос на претходната препорака, единствено на основа на „скорешна мета-анализа на набљудувачки студии со наследена пристрасност во набљудуваните податоци“ чии резултати „можат да бидат разбрани како индиректен доказ за користа на маските“.

Во медицинските истражувања, единствениот научно валиден начин да се тестира медицинска интервенција, како што е носење маска за лице или пропишување на каков било превентивен третман, е со користење на универзално прифатени компаративни студии, специјално дизајнирани со цел рандомизирање на примерокот и отстранување на набљудувачката пристрасност во студиите- наречени „рандомизирано контролирани испитувања“.

Во случајот, ПРЕПОРАКИТЕ дадени од страна на СЗО, се основани единствено на набљудувачки студии, од кои дел сѐ уште не се рецензирани.

Како граѓани на оваа земја сме исклучително загрижени што „изговорот“ на СЗО за дадените препораки интерпретиран како: „растечки збир на набљудувачки докази за употреба на маски од пошироката јавност во повеќе земји“ се претвори во мантра „растечки докази“. Овие „растечки докази“ нашите здравствени и законодавни институции, без спроведување на ризично базирана анализа, ги претворија во задолжителна мерка.

Затоа, уште еднаш нагласуваме дека како што укажува Упатството на СЗО:
 „Во моментов, широко распространетата употреба на маски од здрави луѓе во заедницата, сè уште не е поддржана од висококвалитетни или директни научни докази и има потенцијални придобивки и штети што треба да се земат предвид“! Истото се должи на фактот што препораката која СЗО ја дава за носителите на јавни политики е основа на набљудувачки студии, а не на студии кои почитуваат „златен стандард“ во науката;
 „Во моментов, НЕ постојат директни докази (од студии за КОВИД 19 и меѓу здравата популација) за ефективноста на универзалното маскирање на здравите луѓе во заедницата со цел да се превенира инфекција од респираторни вируси, вклучително и КОВИД 19;

Но, од друга страна, постојат голем број докази кои укажуваат на потенцијални и докажани сериозни штети со долгорочен траен ефект по здравјето на луѓето од долготрајното носење маски, кои се рангираат од: иритација на кожа, деконцентрација, малаксаност, главоболки, хипоксија, па сè до смрт (ПРИЛОГ 1 (https://bit.ly/2G1ljjL)). Дополнително, треба да се нагласи дека ниту еден од познатите штетни ефекти од маскирањето не е проучен на примерок на основа на кој може да се изведе заклучок за целото население.

Дополнително, во врска со мерката – носење маска од страна на децата, СЗО во упатството од 21.8.2020 година , наведува и дека: „Во моментов, степенот до кој децата придонесуваат за трансмисија на САРС-КоВ-2, не е добро и комплетно разбран“ и исто така дека: „Доказите за придобивките и штетите на децата што носат маски за да го ублажат пренесувањето на КОВИД-19 и други коронавируси се ограничени“.

Земајќи ги предвид штетните ефекти од носењето маска, сметаме дека со воведувањето на т.н. мерки, се врши атак на физичкото и психичкото здравје на сите, но особено на децата, чие детство наместо со песна, игра и дружење, ќе биде исполнето со бесмислени забрани, фрустрации и пораки како животот им е постојано загрозен, а ближниот опасен.
Министерството за здравство, Кризниот штаб и Влада на Република Македонија, мораат да имаат свест за лошите страни на своите препораки и не смеат да ги обврзуваат луѓето спротивно на нивната слободна воља во отсуство на солидна научна основа. Присилно наметната обврска не ги признава разликите меѓу луѓето, нивните здравствени состојби, изложеноста кон вирусот, ниту пак ризикот од истиот. Штетните ефекти, документирани во научната рецензирана литература, се доста сериозни за човековото здравје и секоја индивидуа која носи маска истовремено е изложена на голем број ризици.

Задолжувањето за носење маски од друга страна го повредува природното право на секој поединец за слобода и контрола врз сопственото тело и ризиците што се јавуваат.

Бидејќи после сето наведено, недвосмислено може да се заклучи дека, во најдобар случај, науката НЕ Е усогласена во однос на користа од мерката за задолжително носење маски од здравата популација, но исто така и дека науката е конзистентна кога станува збор за штетниот ефект од долготрајното носењето маска, ние, граѓаните на Република Македонија (ПРИЛОГ 1 (https://bit.ly/2G1ljjL)), БАРАМЕ УКИНУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО НОСЕЊЕ МАСКИ СЕКАДЕ И ЗА СЕКОГО, А ПРЕД СЀ ВО УЧИЛИШТАТА, СЀ ДОДЕКА НЕ БИДАТ ОВИЕ ПРЕПОРАКИ БАЗИРАНИ НА ЦВРСТА НАУЧНА ОСНОВА.

Законските регулативи во Македонија не поддржуваат петиција во електронска форма како законска форма на израз, т.е., не може да се смета за валиден документ. Затоа петицијата ќе биде предадена до надлежна институција заедно со прилог изјавите за неносење маски, своеволно потпишани. (Прилог 2, (https://bit.ly/3ky6ioy)). При тоа ќе бидат испочитувани сите акти од Законот за заштита на лични податоци.

Пополнетата изјава се праќа на адреса:
Адвокат Љупка Еленова
Антон Панов бр. 22 (Водно)
Или директно во сандаче на истата адреса.

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!
Да ставиме крај на политичките одлуки кои директно влијаат на здравјето на целата популација, а пред сѐ на нашите деца!

Loading...

Related posts

Leave a Comment