Европа

Олаф Шолц: Германија наскоро ќе го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО

Олаф Шолц во сабота во Скопје и во Софија – Фокус

Запрашан дали станува збор за политичка изјава или дали има воени планови за таква поддршка, Олаф Шолц одговори дека тоа е „едноставно, солидарноста што земјите си ја должат една на друга“, наведува АП.

Оваа недела Германија ќе го започне процесот на формална ратификација на членството на Шведска и Финска во НАТО, што ќе биде „многу брзо“ завршено, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц на крајот од дводневниот самит на НАТО во Мадрид.

Двете нордиски земји вчера беа официјално поканети да влезат во алијансата, а Шолц денеска истакна дека Германија „ги уверува двете земји дека веќе сега, додека процесот на пристапување сè уште не е формално завршен, ја имаат нејзината поддршка“, пренесува АП.

Related posts

Leave a Comment