Историја

Олга Новачева : Македонците,потомци на древните Пелазги(Беласти)

Image result for pelasgians

 

Потрагата по македонскиот код е потрага по знаење. Тоа е потрага по сопственото паметење втиснато во нашата генетска меморија. Паметење на потеклото е знаење за себе, за своето минато и за својата иднина. Мисијата на истражувањето е аманет достоен за издржливите. Да се знае, да се умее со знаењето, да се даде за да му биде дадено.

Патот втиснат во пределите на далечното минато, во Македонските тајни древнини не води до Пелазгите. Необични и чудесни. Примамливо таинствени. Поврзани со постанокот на светот. Со постанокот на човештвото. Првопочетни-со право на вечен опстанок.

Што знаеме за нив?Нѐ информираат дека Пелазгите имале неколку називи одредени според тотемските животни како кланови. Наложуваат информации божем Пелазгите се доселиле од Палестина, бидејќи коренот на двата збора Пелазг и Палест асоцирал на заедничка основа. Читаме за Пелазгот Херакле кој патувал до земјата на Хиперборејците да изврши едно од своите дванаесет херојски дела. Дознаваме за пелазгискиот јазик кој е основа на древномакедонскиот јазик.

Ни се диктираат езотерични записи во кои мошне често се спомнуваат Пелазгите како  неразгатнати, оние кои го започнуваат животот на оваа планета. Доаѓаме до сознание дека најстарите Мистерии се поврзани со Пелазгите. Религијата на Мудроста која постоела како една единствена била во времето на Пелазгите. Постоела и земја наречена Пелазгија. И Атина ја изградиле Пелазгите. И уште дознаваме дека место Партенон некогаш постоел Пелазгион.

ПЕЛАЗГИ?! Каков е тој чуден народ? Дали е тоа македонско племе или уште еден обид да се затскрие вистината за Македонија.

Има многу прашања на кои треба да се одговори во врска со Пелазгите. Низ историјата тие се преименувани. Но било кој да ги преименува, сепак се сметаат за староседелци или автохтон народ на овие простори. Ние ќе речеме дека претставуваат основа за древните традиции на Македонците.

Димитар Миладинов во обраќањето кон Кукушаните (24. октомври1857.) меѓу другото вели-,,Го напаѓаат нашиот словенско-пелазгиски јазик, еден од најдревните и најбогати јазици, наречувајќи го варварски јазик… (К.Миладинов, Избор, Мисла, Скопје, 1980)

Постои податок (според германскиот лингвист Пасов) дека делото на Хомер е напишано на словенски или на пелазгиско-бригидски јазик.

Јазикот на Пелазгите и Минојското писмо проф. Г.С.Гриневич го третира како прасловенски. Прасловенски јазик е таканаречен егејски, односно минојски јазик или јазик на Пелазгите.

Милан Будимир уште во 1950. година во своето издание „Грците и Пеластите“ ни кажува дека на научниците од Запад косата им се крева кога ќе се спомнат Пелазгите, така да тој проблем не сакале да го спомнуваат. Но што да правиме кога митот за постанокот на човештвото се препишува на Пелазгите? И што да правиме кога дознаваме дека директни предци на Македонците се Пелазгите?

Во Епир, во Додона постоел најстар Зевсов храм и пророчиште познат по даб и нечисти калуѓери, имаме топонимија Палаистх..Ова со голема веројатност ја објаснува сродноста на предгрчкото население на балканско-анадолиската област. Во колку тоа население припаѓа на индоевропската група на предгрчкото население ние ги викаме Пеласти, а не Пелазги. (М.Будимир „Грци и Пеласти“, 1950.)

Истиот автор во своето дело „За Илијада и за поетот“ во педесеттите години на минатиот век има запишано-,,Се знае дека основачот на грчката наука и филозофија, познати и по денешните гимназии, Питагора, не бил Грк туку Пеласт (Пелазг). Можеби не е сосема без основа античката традиција да е од негрчко потекло на најстарите поети и пејачи како што се Орфеј, Тамир, Музеј, Лин (името Муза не е грчко). И по една античка традиција поетот на „Илијада“ треба да е Мајонец од Лидија, а за Мајонците се мисли дека всушност се стари балкански народи со индоевропско потекло….

Од митот на настанување на светот и човештвотот, во обемната литература на древно- македонска митологија (која сѐ уште се нарекува грчка) стои дека „Првиот човек бил Пелазг, пра-татко на сите Пелазги. Тој изникнал од земјата Аркадија, а по него изникнале и други Пелазги. (Р. Грејвс – „Грчки митови“)

Митот за Пелазгите кај Грејвс претставува само обид да се реши загатката за најстариот народ кој се населил на териториите околу Средоземјоморието. Но тоа е само прикривање на она што е вистина и што всушност означува нашиот предок. Зошто првиот човек е Пелазг, а не Адам или Адамит? И зошто токму терминот Аркадија е земен за земја од која „изникнале“ првите луѓе?

За да ја дознаеме вистината за Пелазгите потребно е да бараме докази во езотериската литература. Е.Блаватскаја во врска со Пелазгите ни укажува-…Окултистите знаат дека традициите на езотериската филозофија треба да се вистинити само затоа што тие се најлогични и ја примируваат секоја тешкотија…Оние кои нешто знаат за Самотракиските Мистерии исто така помнат дека збирното име Кабири значи свети огнови кои се создадени во 7 места на островот на Електра или Самотраки…Кабир-роден од свети Лемнос, остров посветен на Вулкан. Спрема Лемноските преданија овој Кабир има име Адамис и е тип на првобитен човек роден од утробата на земјата… Ако го додадемеме фактот дека Самотраки е колонизиран од Феникијците, а пред тоа од таиствените Пелазги... (Е.Блаватскаја „Тајна доктрина/ Антропогенезис“)

Пелазгите биле познати по култот кон Кабирите или Великаните. Ги викале и Велики и Моќни и Корибанти или Адами со значење на прв човек на првото човештво. Ги славеле во Мистериите во одредени празнични периоди на земјата. Мистериите биле ритуали на прочистување на сопствената душа зашто само така можеле да се просветлуваат. Тоа бил нивниот основен принцип, нивниот едноставен начин на живеење. Се вели дека среќен е оној кој го исчистил својот живот од гревовите, ја прочистил својата душа во чедните Мистерии.

За Македонците-Е(И)лини животот би бил непожелен ако би ги заборавиле најсветите Мистерии кои го обединуваат човековиот род, напишал римскиот проконзул Претексатус на царот Валентијан. Вистината за потеклото на Македонците е токму во Мистериите, а тајните на Мистериите се откриваат преку таинствените Пелазги. Самотракиските мистерии се најстари. Тоа се Мистерии на прославување на династиите на Боговите и полубоговите. Подоцна овие мистерии биле пренесени и на други места и се славеле како Дионисови, Орфички, Елевсински Подоцнежните Мистерии имале сѐ „поземски“ профан, скоро пежуративен аспект на прославување.

Пелазгите се сметаат за домаќини на Самос (Самотраки). Древните народи биле поблиску до преданијата, до Кабирите. Тие живееле со нив како со своите современици. А Самос не е обичен остров (ако воопшто бил остров во буквална смисла на зборот). Да спомнеме дека токму тука, на Самос, Филип  ја запознал Олимпија (Марија), мајката на Александар. И не е така случајно зашто и двајцата биле иницирани во Мистериите.

Кога ги поврзуваме Мистериите со многу далечните предци, треба да дознаеме од каде потекнуваат Пелазгите. Во тоа пак помага Е. Блаватскаја која вели дека-,,Пелазгите несомнено биле една од кореновите раси на идната Грција и самите се јавувале како наследници на една од суб-расите на Атлантида.

Да појасниме. Атлантите како четврта по ред човекова раса, имале свој развој и пад. Во таа голема група биле содржани неколку подраси и тие се менувале во зависност од развојот и уништувањето на Атлантида. Наследниците на една суб-раса на Атлантида именуванаи како Пелазги подоцна даваат супстрат на новата човекова раса односно ја започнуваат новата раса на идна Македонија. (Подоцна ќе зборуваме за Атлантите)

Оттука е и митот за настанувањето на светот. Првиот човек бил Пелазг, прататко на сите Пелазги. Првиот човек буквално го носел името Пелазг. Тоа го потврдува познатиот и веќе доста цитиран мит за Ниоба која на Зевс му родила  два сина Пелазг и Арг.

И Херодот вели дека Пелазгите ги познавале верските обреди на Самотраки посветени на Кабирите (П.51). Според него Атињаните водат потекло од Пелазгите (И.56) и дека порано Хелада се викала Пелазгија.

Хесихиј за Пеласт бележи значење на „дива лоза“. Ова секако не може да го сфатиме како растителна одредница туку како потекло од искона, како потекло на нешто необработено, првично, најприродно и најчисто.

Македонците потекнуваат од Пелазгите. Коренот „пел“ одговара н основата на Пел-азгите. Пелеј е татко на Ахил, кој се смета за предок на Македонската династија, поточно на Олимпија, мајката на Александар Македонски. Пел-агонија некогаш била Пел-агониско море, а името доаѓа од Македонскиот крал Пел-агон. Пелагонија означува бела земја.

Позната е престолнината Пел-а во времето на Филип втори. И во Азија во просторот на Декаполис во Сирија постоела Пел-а, па и Троја и Крит, Макед и Антиохија, имало10 гратчиња со Македонски топоними. Полуостровот Пел-опонез има иста основа и претставува генетска меморија на Македонците. Како созвучје на пел и бел денес имаме Бело Море, замена за Егејско море или некогаш Охридското езеро се викало и Бело езеро.

Посејдон со жена му Либија имале син кој се викал Бел. Зошто токму името Бел е дадено на синот на Посејдон? Бел – разбирливо на македонски (словенски) јазик. По-сеј-дон е персонификација на почетност или засејување на „ново“ семе. Инаку Либија е историска земја од древно време со познато и силно пророчиште С(ж)ива во кое Александар Македонски отишол за да добие благослов. Следејќи ги јазичните кодови на Македонскиот јазик и Бел и Посејдон укажуваат на првите бели луѓе и како на првите човеколики суштества од исконски посеани (зачнати од високи битија) луѓе.

И до ден денешен има траги на оваа кодирана порака со значење на „бел“ во старите Македонски песни. Пример – „Бел ден не видов“, стадата белеат, „цел бел свет“ – Па и насловот на поетската збирка на Кочо Рацин „Бели мугри“ носи код, космичка одредница и затоа таа стана позната во цел свет. Овој наслов не е буквален, проземски и не е така површински како што изгледа, туку ја има содржината на исконска белина која му носи долговечност.

Коренот на зборот Пел-азг го носи атрибутот на бел, бело и се мисли на бели луѓе, на бела раса. Но не бела по тен или надворешен изглед, туку белина како одраз на потеклото. Белите се светли луѓе од аспект на нивната просветленост. Белината или светењето е одлика на нивната морална чистота и блиската поврзаност со Бога. Потенцирањето на белото означува состојба на народ кој не е извалкан, не е паднат во грев, кој се држи до Божјата патека со своите благородни дела. Овој народ со симболиката на бело е избран народ за да го живее и да го прима светот со чистотата на своето потекло. Изразено со биолошки јазик да живее према одредбите на исконската ДНК. Не случајно што за Ное се вели дека бил генетски чист за да може од него да продолжи човештвото.

Белите или светлите го имаат и светиот јазик кој им е даден за да го водат и да го облагородуваат човештвото. Тие се и Водачи на човештвото. Во него е кодирана примарната фрекфенција на звукот, а тоа значи со Македонскиот јазик е отелотворено Словото. Кога ќе се разбере ова, сѐ поблизу ќе бидеме до слободата на својот личен опстанок. За среќа се поблиску сме до неа.

Древните луѓе знаеле дека во Почетокот на човештвото постоеле ангело-образни луѓе, луѓе кои лебделе и светеле. При нивниот „пад“ од Еденската Градина нивните тела стануваат поплотни и постепено добиваат форма како што ја има и денешниот човек.

За разлика од нив „темните“ се оние кои го изгубиле тој сјај или со други зборови застраниле од патот до Бога. Нивните тела се затемнети. Темните се со помали вибрации, погусти, поплотни.   Нивната главна одлика е цврстата врзаност за материјалните нешта, потреба за физички сјај и раскош, несвесност за сјајот на земјата и поврзаноста со Едното.

Белите се просветлените предци и нивниот пат бил единствено да си ја одржат душата чиста и неизвалкана. Да не отстапат од возвишените стремежи да се биде со Бог од кого потекнуваме.Ете кои се нашите вистински предци.

Божјата светлина се поистоветува со мудроста. Но не онаа мудрост што се чита и прераскажува, туку онаа која се достигнува преку учење, долгогодишно, степенесто учење за лично креирање и самоспознание. Човековото тело како астрална проекција е светлечко тело. Со работа над себеси, со добрина и надминување на страстите, човекот се просветлува. Тој сјај се рефлектира надвор од границите на земјата. Колку повеќе такви отсјаи, толку повеќе земјата ќе засветлува. И веројатно за време на е(и)линизација Земјата фантастично светела оддалеку. Одлика на „белите“ на „светлите“ е токму во такво просветлување со цел доближување до светлината на астралните тела до Еденската Градина од која потекнуваат и се стремат повторно да се вратат таму.

Олга Новачева

Related posts

Leave a Comment