Историја

ДАРДАН ВЕНЕТСКИ: ЗОШТО СЕ КРИЕ КНИГАТА “ЧУДАТА НА СВЕТИ ДИМИТРИЈА СОЛУНСКИ”

Како најголем доказ за наводно доселување на Словени од задкарпатските мочуришта се нуди книгата “Чудата на Св.Димитрија Солунски”, во која се зборува за опсадите на Солун од Словените. Ако е така, тогаш оваа книга треба да ја има секој Македонец. Но, гледај чудо, не ја видел ниту еден ученик, ниту еден студент! Ја нема во ниту една книжара и во ниту една библиотека. Не е ниту преведена. Има еден српски превод од 1953 година, од кој има по некој примерок во нашите научни институции, но се чува под клуч.

Од изјави на некои студенти се дознава, дека да се добие, требало да се напише молба, во која ќе се напише зошто се бара и за што ќе се употреби. Тоа значи, дека оваа книга е наменета само за подобните и благонадежните.
По 10 години трагање, успеав да дојдам до книгава. Кога ја прочитав, се запрепастив. Веднаш сватив зошто се крие. Во неа, со ниту еден збор не се спомнува за доселување на Словени од зад Карпатите. Напротив, во неа се зборува за граѓански немири и бунт на староседелците Словени.
Еве некои цитати од оваа книга, па сами заклучете.
1. Во делот I.1 читаме: “Сенатор и подоцнежен префект уште во почетокот на V век бил некојси Марјан”.
Внимавајте, два века пред наводното доселување на Словени во Солун, префект бил Марјан, чисто словенско име.
2. Во делот I.10 читаме: “Немирите почнале на истокот, па се пренеле и на овие простори, во околината на Солун. Тоа се големи судири, така што Солун е пред граѓанска војна меѓу спротивставените деми”.
Тоа е судир помеѓу партиите на плавите и зелените. Ова го потврдуваат и средновековните автори Теофан и Михаил Сириски. За тоа, кои се плавите, дознаваме уште од Прокопиј – хроничарот на Јустинијан кој вели, дека плавите се Венетите (синоним за Словените). Ова значи дека мнозинска партија (а тоа значи и мнозинско население) во Константинопол уште во почетокот на VI век биле Словените. Од оваа книга гледаме дека истиот состав на населението е и во Солун и околината. Забележувате, Словени од зад Карпатите не се ни спомнуваат со ниту еден збор.
3. Во делот I.13-15 читаме: “При најголемата опсада на Солун голема маса варвари (така ги нарекувале Словените) од околината пребегале во Солун, па јавните купатила се преполниле со нив“.
Јавно прашувам ова ли се задкарпатските Словени кои сакале да го окупираат Солун?
4. Во делот II.1 читаме: “За времето на епископот Јован се крена народот на Словените, ги опљачка сите области во приморјето, Епир, Ахаја, делови од Азија, Кикладските Острови…“ и понатаму “Тогаш на море беше заробен водачот на словените Хацон, но првенците на Солун го сокрија“.
Еве уште еден доказ дека Солун не го напаѓаат Словени од зад Карпатите, туку домородни Македонци кои се кренале во граѓански судир.
5. Во делот II.2 читаме: “Не можејќи да го освојат Солун, Словените од Македонија упатуваат барање до Хаганот од Панонија да им помогне во освојувањето на Солун, за што му ветиле злато. Хаганот знаејќи дека Солун прима бегалци Словени од Панонија, Дакија, Дарданија… повел со себе група Словени (претходно заробени) знаејќи, дека сакаат да се вратат во родните краишта и го опсаднал Солун. По 33 дена неуспешна опсада склопил мир (за пари) и се вратил во Панонија, а Словените што ги повел се разбира си останале”.
Ова за нашиве сервилни и недоветни историчари е доселување од зад Карпатите…
6. Во делот II.4 читаме: “Царот испратил наредба до шефот на полицијата во Солун да се уапси водачот на Словените Првуд. Бидејќи Првуд во тоа време престојувал во Солун, бил уаспен, пратен во Константинопол и погубен. Словените од родот на Ринхини, Струмјани и Сагудати се кренале и го опсаднале Солун. Но, друга група Словени (Велезгити) го помагаат Солун праќајќи храна со бродови”.
Тоа е нормално, затоа што и Солунјаните биле Словени. Еве уште една потврда за граѓански судири, а не за доселување од зад Карпатите.
7. Во делот II.5 читаме: “Во Панонија кај Хаганот имало мноштво Словени, таму однесени како робови при претходните пљачкашки походи по Балканот. Бугаринот Кувер (брат на Аспарух) кој разбрал дека овие Словени сакаат да се вратат во своите родни места, ги повел со себе за да го освојат и опљачкаат Солун. Но, кога пристигнале во Македонија (во Керамисиското Поле) овие Словени масовно се реазбегале кон своите родни места (очигледно не сакале да војуваат против своите, м.з.)”.
Нашиве “научници” и ова го третираат како доселување на Словени од зад Карпатите. Каква недоветеност.
Еве пријатели мои, зошто се крие оваа книга. Некој брутално го лаже Македонскиот народ, а тоа се луѓето од МАНУ, ИНИ, катедрите по античка и средновековна историја. Ова не се научни институции, туку збирштина од среброљубци кои молчат и ја шират бруталната лага за наводно доселување на Словени. Затоа овие научни институции треба веднаш да се распуштат и заменат со нови. Мислам дека крајно време е со ова да се позанимаваат и надлежните служби…

Related posts

Leave a Comment