Свет

Орбан: Европа не е во Брисел. Европа сме ние!

 

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска во Будимпешта изјави дека не мора да ја сака „уморната бриселска елита“, посочувајќи дека Унгарија е иднината на Европа.

‘‘Во последните 10 години научивме дека Европа не е во Брисел“, рече Орбан во годишното обраќање до нацијата, пренесува МТИ.

„ Европа сме ние  и не треба да ја сакаме заморената бриселска елита . Во минатото мислевме дека Европа е нашата иднина, но денес знаеме дека ние сме иднината на Европа “, рече тој.

„Историјата уште еднаш им даде можност на народите на Централна Европа да изградат нов сојуз, заснован на нивните национални интереси, што ќе ни овозможи да се одбраниме од заканите од Истокот и од Западот“, рече Орбан.

Тој ја оцени последната декада како најуспешна  во последните 100 години од историјата на Унгарија.Задоволен е што Унгарија најде „заедничка основа“ со соседните земји, Хрватска, Словачка, Словенија и Србија и е во позиција да води поширока соработка и сојузи со нив.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment