Регион

ОРБАН И ОБЈАСНИ НА ЕВРОПА: Ако Србија беше членка на ЕУ, мигрантите немаше да стигнат до Германија!

 

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави денеска дека западните земји во Европската унија страдаат од „замор на проширувањето“ и ги користат нови членки како „жртвени јарења“ заради нивните проблеми.

Унгарскиот премиер,за државното радио исто така изјави дека „нелегалната миграција немаше да стигне до Германија“ доколку земји како Србија беа дел од ЕУ, за време на мигрантската криза во 2015 година, објави АП.

Орбан рече дека очекува поранешниот министер за правда Ласло Тротани назначен за нов европски комесар за проширување да се соочи со „жешки моменти“ за време на претстојните дебати, пред гласањето на Европскиот парламент за новиот состав на Европската комисија.

Унгарија е соочена со постапка на ЕУ околу почитувањето на владеењето на правото и демократските процедури, вклучително и законите донесени додека Тротани беше министер за правда, но Орбан рече дека професионално на Тротани не може ништо да му се замери, освен дека е „унгарец“.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!