Свет

Орбан: Унгарците нема да ја плаќаат цената на војната

БУДИМПЕШТА – Унгарија го осудува рускиот воен напад и војната во Украина, но нема да дозволи унгарските граѓани да ја платат цената на таа војна, изјави премиерот Виктор Орбан.

„Јасно е дека крајот на оваа војна преку преговори е во интерес на сите“, изјави Орбан по самитот на премиерите на Вишеградската група и британскиот премиер Борис Џонсон.

Зборувајќи за ефектите од санкциите врз Русија, Орбан рече дека тие ќе се почувствуваат во цела Европа, вклучително и Унгарија, пренесува МТИ.

Проширувањето на санкциите за енергетскиот сектор, нафтата и гасот ќе биде несразмерно голем товар за Унгарија, рече тој.

Орбан рече дека јасно им кажал на сите дека Унгарија „го осудува рускиот воен напад и војната, но дека нема да дозволи унгарските семејства да ја платат цената на таа војна“.

Тие санкции не смеат да го опфатат увозот на нафта и гас, рече тој.

Унгарија покрива најголем дел од потребите за природен гас и нафта со увоз од Русија, а 90 отсто од домаќинствата во Унгарија се греат со гас, рече Орбан.

Тој исто така рече дека унгарската економија не може да функционира без нафта и гас.

Related posts

Leave a Comment