Македонија

Ослободителна пресуда за Латас

 

 

 

Новинарот Драган Павловиќ – Латас и неговите двајца Срѓан и Звездан не се виновни во случајот „Тревник“ на СЈО кој се однесува на бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково, пресуди утрово Кривичниот суд.

Според судијата Марија Клетничка Марковска делото за кое СЈО ги товареше не е кривично дело според закон бидејќи праксата во ваквите случаи налага дека ако во текот на постапката дивоградбата се легализира обвинението паѓа. Вината и пропустите таа ги лоцираше во надлежните институции кои не постапиле навремено и совесно.

„Сторител е тој што во моментот врши градба без одобрение на градба или спротивно на одобрението за градба. Надзорот го врши органот за надзор. Во конкретниот случај нема пријава за бесправно градење ни од граѓанин, ни од државен орган. Нема ни решение за уривање. Во 2013 година тие извадиле градежни дозволи за веќе изградените куќи и никој не побарал поништување на тие одобренија“, рече судијката Марковска во образложението на пресудата.

Според ослободителната пресуда, нема да има никаква конфискација или заплена на имот а трошоците од процесот паќаат на товар на државата.

Од СЈО најавија жалба на пресудата до Апелацискиот суд.

„ Нема дилема дека ќе жалиме пред Апелациониот суд. За нас обвинението е издржано и основано“, изјави обвинителката Елизабета Јосифовска.

Според обвинителниот акт на СЈО за „Тревник“ браќата Павловиќ нелегално изградиле три викендички во општина Зелениково во 2011 година. Во текот на процесот СЈО презентираше „бомби“ и сателитски снимкиа латас тврдеше дека станува збор за политички прогон.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!