Свет

Основачот на Викиликс, Жулиен Асанж, денес се жени во затворот Белмарш

 

Julian Assange recibe autorización para casarse en prisión con su pareja

ЛОНДОН – Основачот на Викиликс, Жулиен Асанж денеска ќе се ожени со својата долгогодишна партнерка Стела Морис во затворот Белмарш во југоисточен Лондон, на мала церемонија на која ќе присуствуваат четворица гости – двајца официјални сведоци и двајца чувари, јавува Ројтерс.

Како што потврдија британската агенција од извори од оваа институција, свадбената церемонија ќе се одржи во периодот кога се дозволени посети на затворот, пренесуваат од САД.

Од безбедносни причини, затворот одбил да дозволи новинари или фотографи да бидат присутни како сведоци, наведува Ројтерс.

Венчаницата на Морис и килтот на Џулијан Асанж ги создаде познатата британска дизајнерка Вивиен Вествуд, која претходно учествуваше во кампањата против депортацијата на Асанж во САД.

Врховниот суд на Велика Британија на 14 март ја одби жалбата на основачот на Викиликс против одлуката за екстрадиција во САД, каде што се соочува со обвинувања за шпионажа.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!