Колумни

„ОСУМ ГОДИНИ ОД НЕЛЕГАЛНИОТ ПУЧ ВО УКРАИНА: РЕЗУЛТАТИ И ПОСЛЕДИЦИ“

„Осум години од нелегалниот пуч во Украина: резултати и последици“

На 21 февруари во Москва во Општествената Палата на Руската Федерација се оддржа тркалезна маса на тема: „Осум години од нелегалниот пуч во Украина: резултати и последици.[1]

На тркалезната маса покрај моето присуство и настап како единствен новинар и експерт од Македонија, присуствуваа експерти, политиколози, новинари од Русија, САД, Франција, Исланд, Унгарија, Италија, Србија и Црна Гора.

Додека во Кремљ траеше историската седница на Советот за Безбедност на Руската Федерација за признавање на Доњецк и Луганск, на тркалезната маса во Општествената палата дискутиравме за следните прашања:

– Осум години по украинскиот Мајдан низ очите на западните медиуми;

– Последици од западното влијание и губење на суверенитетот;

– Улогата на Западот во милитаризацијата на Украина;

– Сценарија за Украина од западни стратези;

– Му остави ли Вашингтон на Киев нешто друго освен војна?

Тркалезната маса свечено ја отвори Максим Григориев, директор на Фондацијата за проучување на демократијата, член на Општествената палата на Руската Федерација. Тој своето излагање го започна со риторичко прашање, како „Украина од најбогата Република во составот на СССР се претвори во најбедна држава во Европа само за 30 години.

Како резултат на Евромајдан и нелегалниот пуч во 2014 година, на Украина воскресна нацизмот и национализмот и се величаат соработниците на Хитлер, Бандера и Шухевич. На Украина се води отворена анти-руска политика. Рускиот јазик е забранет, се забрануваат опозициони партии кои што се за соработка со Русија, се затвораат опозициски и други телевизии, во 2014 се случи масовното убиство на 46 руси во Одеса, и никој досега не одговараше. На Донбас 8 години се води војна, и таму има геноцид против руското население. Време е да се стави крај на тоа“.

Александар Сергеевич Брод, руски активист за човекови права , директор на Московското биро за човекови права од 2002 година, член на Советот при претседателот на Руската Федерација за развој на граѓанското општество и човековите права во својот настап изјави „Светот сака да разбере што се случува на Украина.

Заедно со Општествената Палата објавивме многу книги, доклади, материјали, филмови, организиравме многу настани и во ОБСЕ и во ООН за трагедијата која што трае на Донбас. Русија е обврзана да им помогне на жителите на Донбас. Од 2014 година до денес, повеќе од 13 000 луѓе се убиени од двете страни на линијата на разграничување, повеќе од 20 000 ранети, и повеќе од 200 се водат како исчезнати. Денес 15% од населението на Украина живеат во крајна сиромаштија, а 45% едвај сврзуваат крај со крај. Половина од украинската економија е во слободен пад. На Донбас и на Украина се случува хуманитарна катастрофа“.

Емануел Лерој од Франција, претседател на „Институтот 1717 За нова француско-руска унија“, имаше енергичен настап со осврт на геополитиката и историјата. Тој настапи со доклад „Културната војна на Западот против Русија. Светот се наоѓа во клучен момент кој што ќе доведе до пресврт. После распадот на СССР Западот го достигна својот пик, и сведоци сме на пад на влијанието и моќта на Западот. Сведоци сме на моралната и етичката деградација на Западот, каде што повеќе не функцинираат традиционалните вредности и институтот фамилија. Денешниот конфликт и судир помеѓу Западот и Русија не е случаен, се работи за судир на две култури, цивилизации со два различни погледа на светот.

Судир на копнените држави против морските. Целта на англо-саксонските елити е преку контрола над Римланд да се задуши Хартленд. За последните 20 години Русија создаде надежен воен штит, и изврши револуција во военото искуство. Русија со развојот на новите видови оружја и модернизацијата на армијата го врати воениот паритет со Западот. Но за жал Русија ја губи војната во културната сфера. Современа Русија треба да ги обнови големата руска култура и традиционалните вредности, за да може да му парира на Западот.“

Игор Дамјановиќ, новинар од Црна Гора во својот доклад зборуваше за „Fake News“ политиката на Западот во однос на Балканот. „Ние на Балканот на своја кожа ја почувствувавме „Fake News“ политиката на Западот. Преку цела „Fake News“ кампања во 1999 година беше создаден предлог за воена интервенција на НАТО против Југославија без согласност на Советот за Безбедност на ООН, и со грубо кршење на меѓународното право. 78 дена НАТО ја бомбардираше Србија, и цело време креираше лажни вести за да го оправда својата нелегална операција.“

Хаукур Хауксон, новинар од Исланд и дописник на исландското биро за радио и телевизија (RUV) од Москва имаше краток доклад. „За жал западните медиуми работат ефективно. Во малиот Исланд, каде што има огромен број на западни медиуми, само јас ја пренесувам позицијата на Русија, како и вести и информации од Русија. На тој начин се обидувам да ја разбијам негативната пропаганда во однос на Русија. Но за разлика од политичарите во Исланд, обичниот народ на Исланд е неутрален. Многумина ми го пишуваат тоа во пораки. Но потребна е организирана борба против пропагандата.“

Владимир Шаповалов, политолог и Заменик директор на Институтот за историја и политика на Московскиот државен педагошки универзитет имаше доклад со осврт на 30 години независност на Украина. „Факт е дека Украина сака и се движи кон НАТО и ЕУ. Но Украина денес е сиромашна држава. Во 2021 година, според бруто домашниот производ по глава на жител Украина е последна во Европа. А 30 години назад, кога Украина стана независна, нејзиниот бруто домашен производ беше на 17 место во светот. Украина беше побогата и поразвиена од многу европски држави. Во Украина тогаш работеа 300 различни сектори во индустријата и економијата. Украина како резултат на советското наследство, имаше развиено земјоделство и развиена индустрија, која што произведуваше производи со висока додадена вредност. Почнувајќи од компјутери, вселенска технологија и ракети, авиони па се до автомобили и камиони. Денес нема ништо од тоа на Украина. Пред 30 години во Украина, 330 000 научници во различни гранки и сектори се занимаваа со наука, а денес таа бројка е 70 000. Тоа говори за деградацијата на науката во Украина. За 30 години од Украина се иселиле околу 15 милиони луѓе.“

Дмитри Родионов, директор на Центарот за геополитички студии на Институтот за иновативен развој, својот доклад го започна со „Во 2014 година на Украина се случи државен удар. Немаше никаква револуција. Почнувајќи од 1991 година започна подемот на национализмот во Украина. Сите украински претседатели, дури и Јанукович, водеа про-западна политика. Украина не може да биде буфер зона или мост помеѓу Русија и Западот. Украина може да биде или со Русија, или анти – Русија.“

Сите учесници на тркалезната маса на крајот се сложија дека живееме во турбулентен и интензивен период, и дека светот влезе во нова ета на својот развој, и дека со свои очи сме сведоци на создавањето на нов светски поредок.

Во наредната колумна, за мојот настап на тркалезната маса, со доклад на тема „Влијанието на кризата во Украина врз иднината на Балканот“.

Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

Related posts

Leave a Comment